1. Криптовалути
Дури и оние што сѐ уште не можат да ја разберат технологијата сигурно ќе се согласат дека крипто-валутите, како и револуционерниот blockchain слободно може да ги одбележиме како топ тема во ИТ круговите во 2017-та година. Вртоглавиот раст на биткоинот, конкурентноста на етериумот и борбата на ставовите за тоа што точно е предноста, рударењето, се само дел од темите кои се проследија низ годината, а несомнено ќе останат актуелни и во следната… Најпопуларни наши текстови на темава:
- Хакирана словенечката биткоин берза NiceHash
- Забранете им на веб сајтовите да го користат вашето PC за копање криптовалути
- Биткоин рударите трошат 4 пати повеќе електрична енергија од Македонија
- Како грешка во кодот замрзна 300 милиони долари во Etherium
- Падот на цената не е единствениот проблем на Bitcoin
- Што се случува со Bitcoin?
- Хакирана четвртата најголемата светска берза за крипто-валута
- Со blockchain, наскоро сите ќе може да инвестираат во стартапи
- Бројот на веб-страници кој копаат крипто валути со вашиот процесор е сѐ поголем
- Pirate Bay тестира копање на крипто-валути наместо презентирање на реклами
- Што е следно со Ethereum 2.0?
2. ИТ сигурност/приватност
Случувањата на полето во ИТ сигурноста и приватноста на личните податоци годинава само потврдија дека сѐ што е поврзано на интернет може да се хакира и искористи за нечии цели. Ransomware епидемијата нѐ спобудале и нѐ направи уште толку параноични, а бевме сведоци и дека корпорациите, дури и оние најголемите на кои сме им ги довериле нашите лични податоци, сѐ уште не научија правилно да се справуваат и да ги инвестираат потребните ресурси во ИТ безбедноста.
Едни од најчитаните текстови на темава изминатата година беа:
- По обвинувањата за шпионажа, Kaspersky ќе го отвори својот код
- Сериозен безбедносен пропуст е опасност за Wi-Fi мрежите
- Пропуст во iOS апликацијата на Uber, овозможува копирање од екранот на iPhone
- Wall Street Journal: Русија со помош на Kaspersky украде чувстивителните податоци од NSA
- Deloitte цел на сајбер напад, податоците на корисниците компромитирани
- Хакери го искористија CCleaner да заразат милиони корисници
- Вашите Facebook податоци се небезбедни и јавно достапни
- Над 711 милиони имејл адреси се дел од најголемата спам листа
- Новата апликација на Едвард Сноуден го претвора вашиот телефон во систем за безбедност
- Кумановски „хакер“ украл 11.000 US долари од Content.ad акаунт
- Опасноста од WannaCry епидемијата продолжува со почетокот на работната недела
- Ниту Вегас не е безбеден – руска група пронајде начин да мами на слот машини
- Протекоа тајни документи на NSA кои ја поврзуваат Русија со хакерски напади
3. Fake News Лажни вести
Е-печалбарството и снаодливоста на велешани и годинава ја популаризираа Македонија низ медиумските кругови. Дискусијата стана доста посериозна со откривање на доказите за инволвираноста и на руската пропаганда во овој феномен, по што и Facebook и Google беа приморани да превземат посериозни мерки за справување со лажните вести. Најчитани вести поврзани со е-печалбарството на IT.mk во 2017-та се:
- Последните измени не помогнаа, Google и Facebook преполни со лажни вести
- Е-печалбарство преку негативни политички вести и Facebook, анализа на BuzzFeed
- Затворени Facebook страните од Македонија кои шират лажни вести
- Пред изборите во Франција, Google и Facebook ќе им помогнат на медиумите да ги проверат лажните вести
- Facebook откри политичка рекламна кампања од 100.000 долари во САД, нарачателите се најверојатно од Русија
- Ова се дел од објавите на Facebook кои се спонзорирани од руските тролови
- И Twitter пронајде руски реклами кои таргетираат корисници од САД
- Google ги објасни проблемите со лажните вести, Русија се жали
4. Автономни возила
Автономните возила во 2017-та година станаа доста поприфатлива и економски исплатлива реалност, а со оглед на последните случувања во индустријава може да кажеме дека годинава започна и трката за владеење во овој сегмент од страна на големите производители и корпорации. Tesla, Mercedes, Volvo, Google, Apple, Ford, сите имаат доста амбициозни проекти во кои што планираат да инвестираат сериозни средства за автономните автомобили да бидат се почеста слика на автопатите.
- Tesla Model X е најбезбедното теренско возило на сите времиња
- General Motors претстави електрично возило за 5.000 долари
- Google започна да ги тестира возилата без луѓе-возачи
- Илон Маск гo претстави најдобриот камион на сите времиња и нов Tesla Roadster
- Google го обвини Uber за „калкулирана кражба“ на технологијата за автономни возила
- Нова инвестиција од 30 милиони евра за хрватскиот производител на електрични автомобили, Rimac
- Tesla сега е највредниот производител на возила во САД, по General Motors
- Nvidia е новиот партнер на Baidu за производство на автономни возила
- Fiat Chrysler ќе соработува со Intel и BMW на креирање автономни возила
- За 4 години возилата ќе бидат автономни, вели директорот на Nvidia
- Интервју со Штефан Клајнхард од ESG: „Засега не гледам интерес за потполно автономни возилата“
5. Вештачка интелигенција
Годинава неколку концепти кои применуваат вештачката интелигенција на посериозно ниво ни покажаа дека технологијата е способна да се развива и без директна помош на луѓето, да пишува подобар код и од своите креатори, да измислува сопствени јазици и филмови и дури и да ни покаже и агресивност. Некои од најчитаните текстови на темава се:
- Стјуарт Расел на TED: 3 принципи за побезбедна вештачка интелигенција
- Вештачката интелигенција на Facebook си измисли сопствен јазик
- Minority Report во Кина, вештачка интелигенција предвидува криминал
- Pix2code е вештачка интелигенција која сама пишува код
- „Кумот на вештачката интелигенција“ смета дека роботите убијци се реална опасност
- Вештачката интелигенција на Google пишува подобар код од своите креатори
- Вештачката интелигенција AlphaGo Zero научи да игра Го без помош од луѓето
- Seavus претстави вештачка интелигенција за приватниот и јавниот сектор
- Вештачката интелигенција е подобра од луѓето и во Dota 2
- Кавга на годината – Илон Маск и Марк Закерберг за вештачката интелигенција
- Вокер Хирсч: „Автоматизацијата ќе ги земе сите работни места кои може да ги работи“



