По обвинувањата за шпионажа, Kaspersky ќе го отвори својот код

Image courtesy of Kaspersky

Еден од најголемите производители на антивирус, руската компанија Kaspersky, најави значајни промени. Софтверот на компанијата ќе биде отворен за прегледи од независни експерти. Промената доаѓа по обвинувањата за шпионажа, и забраната за користење во владините агенции во САД.

За оваа цел Kaspersky ќе отвори три центри за транспарентност во САД, Европа и Азија. Најавата вели дека новата пракса може да очекуваме да започне од 2018 година. Отворањето на кодот ќе помогне да престанат сомневањата дека Kaspersky оставил „задна врата“, преку која може да се пробие безбедноста. Заедно со ова, Kaspersky ја зголемува наградата за откривање на пропусти во нивниот софтвер на 100.000 долари.

„Довербата е клучна за сајбер безбедноста. Довербата треба да биде основа за секоја соработка помеѓу оние кои сакаат да безбедни индивидуалци, организации и компании од сајбер напади. Како компанија препознаваме дека довербата не се подарува; преку постојана посветеност кон транспарентноста и одговорноста, мора постојано да се заслужува“, велат  од Kaspersky.

Во центрите за транспарентност, владините агенции ќе можат да дојдат и да се уверат дека праксата и кодот на Kaspersky се безбедни. Сепак Јуџин Касперски ги обвини медиумите дека работат на нарушување на угледот на компанијата. Дополнувајќи дека последниве неколку месеци има кампања против Kaspersky.

Проблемите за Kaspersky започнаа со забраната за користење во владини агенции во САД. Причината за ова се сомневањата дека руските слижби ја користат компанијата за сопствени потреби. Една од причините за ова е образованието на основачот Јуџин Касперски, кој посетувал училиште на КГБ.

Властите во САД забранија користење на Kaspersky, но досега не презентирале вистински доказ за вмешаноста на компанија. Поради ова забраната повеќе наликува на претпазливост отколку на вистински потврдена закана.

Понатаму дел од медиумите јавија дека руски хакери го користеле антивирусот за кражба на податоци од агенциите. Последна контроверзна е објавата дека израелски шпиони во живо го следеле крадењето на податоци преку Kaspersky.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии