Со blockchain, наскоро сите ќе може да инвестираат во стартапи

Image courtesy of TechCrunch / Disrupt SF

Сем Алтман од Y Combinator е заинтересиран за развој на blockchain што ќе може да им помогне на луѓето да инвестираат во стартапи.

„Нѐ интересира како компании како Y Combinator, може да користат blockchain да го демократизираат инвестирањето. Треба да пронајдеме начин за ова“, вели Сем Алтман, на Disrupt SF.

Еден од начините на кој ова се овозможува е Initial Coin Offering (ICO). Односно, дел од новоиздадена криптовалута им се продава на инвеститорите во замена за законска исплата или за други крипто-валути.

„Во моментов ICO е балон, но има нешто зад тоа, токму ова е причината што паметните луѓе се фасцинирани.

Дали сметам дека ICO се глупост, што се граничи со измама? Да. Но, има неколку кои се важни, а blockchain е многу важна… ICO мора да бидат регулирани“, вели г. Алтман.

Што се однесува пак до активностите на Y Combinator, г Алтман откри дека акцелераторот преку онлајн акцелерациската програма минатата година стасал до 3.000 стартапи. Токму оваа програма е дел од она што Y Combinator сака да го прошири, и во иднина да стаса до уште повеќе стартапи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии