Wall Street Journal: Русија со помош на Kaspersky украде чувстивителните податоци од NSA

Руски хакер со помош на Kaspersky ги украл податоците од NSA. Виновен за пробивањето е и вработен од NSA, кој чувствителните податоци ги префлил на домашниот компјутер. Напаѓачот го искористи Kaspersky за да ги идентификува фајловите, јави Wall Street Journal. Податоците кои ги изнел вработениот се доверливи и не смеел да ги изнесе од локацијата за каде се наменети.

По Едвард Сноуден и Хол Мартин ова е трет вработен на NSA кој ги изнесувал податоците надвор од NSA. Ова и без можната вмешаност на Русија е доволна причина за загриженост на властите во САД. Инцидентот е од 2015 година, но е досега е неоткриен. Податоците кои се украдени во овој инцидент содржат детали за начинот на кој NSA се инфилтира во компјутерските мрежи и како се бранат компјутерските мрежи во САД.

Засега нема доказ за вмешаноста на Kaspersky во било каква Руска операција. Сепак, причини за сомневање постојат. Главната секако е што основачот на Kaspersky излегува од „академијата“ на КГБ. Дополнително, компанијата е сместена во Русија. Според рускиот закон, секоја компанија мора да помогне во пресретнување на комуникациите низ руската мрежа. Дополнително, анти-вирусот имаше безбедносен пропуст, но компаниајта ги закрпи овие пропусти.

Во септември Одделот за домашна безбедност им наложи на сите агенции во САД да престанат да го користат софтверот на Kaspersky. Во еден период над 20 агенции ги користеа услугите на руската компанија.

Иако засега не е потврдена улогата на Kaspersky во крадењето на овие податоци, невниматлноста или намерата на вработените се потврдена причина за крадење на чувствителните податоци од NSA.

Kaspersky веќе неколку пати ја негираа поврзаноста со властите во Русија, а тоа го направија и овој пат.

„Kaspersky Lab е приватна компанија и нема никаква врска со ниту едни власти, вклучувајќи ги и Руските. Компаниајта никогаш не помогнала, ниту ќе помогне на некоја влада во контраразузнавачките активности“, вели претставникот на Kaspersky.

Властите во САД забранија користење на Kaspersky,  но досега не презентирале вистински доказ за вмешаноста на компанија во некој хакерски напад. Последната забрана повеќе наликува на претпазливост отколку на вистински потврдена закана.

Иако нема потврда, оваа теорија не е сосем невозможна. Kaspersky долг период ја истражува хакерската гранка на NSA позната како Equation Group. Компанијта најверојатно пред објавувањето на фајловите имаше доволно познавање на праксата и методите на групата, вели ArsTechninca.

За жал, и овој пат споделените податоци за вмешаноста на Kaspersky доаѓаат од анонимни извори и  не можат да се проверат.

1 коментар на “Wall Street Journal: Русија со помош на Kaspersky украде чувстивителните податоци од NSA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии