Pix2code е вештачка интелигенција која сама пишува код

Вештачката интелигенција би можела да дојде побрзо и ненадeјно за голем дел од професиите. Програмиерите изгледаа безбедни, но софтверот Pix2code ќе им ја разниша самодовербата на front-end развивачите.

За креирање на решение е потребен дизајнер, но не и програмер. Сè што е потребно е слика, а понатаму софтверот може да ги препознае и додаде сите елементи. Софтверот овозможува креирање на потребното решение за три различни платформи: Android, iOS и Web.

Секако, ова не значи дека веднаш девелоперите ќе станат непотребни, за дел од функционалноста секако ќе бидат потребни девелопери. Она што е сигурно, е дека вештачката интелигенција е подобра и подобра, а ова важи и за креирањето на интерфејс.

Повеќе документи за технологијата зад решението може да пронајдете на UIzard.io.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии