Што се случува со Bitcoin?

Оние кои ја следат состојбата со криптовалутите, веќе знаат дека најпопуларната криптовалута се раздели на Bitcoin и Bitcoin Cash.

Добра вест е дека и покрај поделбата, Bitcoin не загуби од вредноста, а Bitcoin Cash веќе е трета криптовалута по вредност. Bitcoin Cash достигна вредност од 700 долари, што е трипати повисоко отколку што започна тргувањето. Bitcoin сега вреди околу 2.700 долари, малку помалку од 3.000 долари колку што беше највисоката вредност.

Bitcoin и Bitcoin Cash не се интероперабилни, и мрежите кои ќе го поддржуваат се некомпатибилни и ќе продолжат да фунцкионираат паралелно.

Image courtesy of Pixabay

Што е Bitcoin Cash?

Новата валута Bitcoin Cash настана откако беше потребно зголемување на капацитетот на технологијата зад криптовалутата. На blockchain  на Bitcoin може да му се додаде 1 MB на 10 минути. Поради ова трансакциите беа побавни. Новиот blockchain на Bitcoin Cash е 8MB, а ова возможува 8 пати побрза трансакција од сегашната, објасни BBC.

Наместо да започне од 0 Bitcoin Cash монети, првите Bitcoin Cash монети се базираат на Bitcoin. За секој 1 Bitcoin кој го поседувал корисникот доби и 1 Bitcoin Cash. Најголем проблем се берзите на кои ги чуваат криптовалутите. Корисниците кои поседуваат приватен клуч ќе го добијат својот Bitcoin Cash, но оние кои ги чуваат на берза нема; односно берзата ќе го задржи истиот.

Bitcoin Cash како и претходно Bitcoin, се копа/рудари на истиот начин. Компјутерите решаваат сложени математички проблеми и ја креираат самата „монета“.

Иако зголемувањето на блокот е едноставно, двете фракции во Bitcoin не успеаја да пронајдат заеднички јазик. Едни тврдеа дека зголемувањето на блокот ќе обезбеди поголем интерес поради побрзите тренскации. Другите тврдат дека големината на блокот е важна и поради малата големина може да учествуваат сите. Токму овој мал лимит го обезбедува демократискиот карактер на мрежата. За поголем лимит ќе биде потребен поголем простор за чување на податоците, а дополнително ќе биде зголемен и сообраќајот.

Податоците за секој blockchain се чуваат на секој од компјутерите кои се дел од мрежата. Доколку се зголемеше просторот наеднаш ќе беше потребен и многу поголем простор за чување на овие податоци, објаснува Ars Technica.

Вредност на криптовалута / Source https://coinmarketcap.com/

 

Што се случува сега?

Во моментов најголем предизвик на Bitcoin Cash е да пронајде луѓе или компании заинтересирани за копање на монетите. Учесниците во првичната Bitcoin мрежа се чини дека не се премногу заинтересирани да започнат со копање на новата валута.

Поради малиот број на копачи проблемите се решаваат многу бавно, а тоа значи многу помала заработка. Ова би можело да се промени доколку поддржувачите на Bitcoin Cash успеат да убедат поголем број на рудари да им се приклучат. Прво и привремено решение би можело да биде намалување на тежината на проблемот кој се решава. Ова ќе овозможи побрзо решавање и побрза заработка на краток рок. Со зголемување на копачите, секако ќе се вратат потешките проблеми.

1 коментар на “Што се случува со Bitcoin?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии