Вештачката интелигенција AlphaGo Zero научи да игра Го без помош од луѓето

Нова вештачка интелигенција од DeepMind, AlphaGo Zero, научи да игра Го без никаква помош од луѓето. Ако ова не е доволно импресивно, новата вештачка интелигенција има резултат против AlphaGo 100:0.

AlphaGo Zero по само 3 часа игра достигна до ниво на почетник за Го, без анализа за завршницата на партиите. По 19 часа има основни познавања од завршницата на играта и е во рамките на просечните играчи. По 70 изиграни часа AlphaGo Zero игра на надчовечко нивo, може да анализира и процени различни предизвици на таблата.

AlphaGo Zero научи да игра без да анализира било какви партии на луѓето. Наместо ова, вештачката интелигенција имаше пристап единствено до правилата на играта. Три дена вештачката интелигенција играше сама против себе и ги анализираше своите партии. По ова системот изработи сопствени стратегии и беше доволно добар да го победи оригиналот (AlphaGo кој играше против Ли Седол) во следните 100 партии. По 21 ден AlphaGo Zero ги надмина можностите и на Master верзијата, против која играше Ке Џи.

Во текот на тренирањето, вештачката интелигенција игра самата против себе. Но, AlphaGo Zero доаѓа и со алгоритам за пребарување. Ова овозможува додека игра, мрежата да учи и да предвидува потези, но и прогнозира победници. AlphaGo Zero поради ова може да го надмине ограничувањето кое го наметнуваат луѓето.

Можеби најимпресивна надградба на новиот модел е начинот на кој AlphaGo Zero ги прави предвидувањата. Наместо како досега, вештачката интелигенција да ја доигра партијата до крај, AGZ може да направи проценка на позицијата.

AlphaGo Zero може да има примена и надвор од игрите на табла.

„AlphaGo Zero покажува надчовечки можности во еден домен. Прикажува можност да учи без податоци од луѓе и сo помалку процесирачка моќ. Веруваме дека овој пристап може да биде воопштен за широк сет на структурални проблеми кои споделуваат слични својства како Go, како задачи за планирање или проблеми во кои активности мора да се извршат по определен редослед“, вели претставник на DeepMind за Motherboard.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии