Вештачката интелигенција DeepCoder може сама да пишува код

Истражувачи од Microsoft и Универзитетот Кембриџ, креираа вештачка интелигенција која може самостојно да пишува код. DeepCoder пребарува по библиотеки, го пронаоѓа соодветниот дел од кодот и го вметнува во програмата.

Засега вештачката интелигенција може да се користи за создавање на основен софтвер. Во некоја идна верзија корисниците нема да мора да знаат да програмираат за да ги реализираат своите идеи, би можеле едноставно да ја опишат идејата, а DeepCoder ќе ја реализира.

За креирање на код, DeepCoder користи техника наречена програмска синтеза – креирање на нов софтвер со спојување на постоечки делови на код од постечки софтвер. Оваа пракса не е непозната и кај луѓето програмери, но вештачката интелигенција доаѓа со голема предност. DeepCoder нема да се засити од код ниту по илјадници прегледани линии, а и прегледува многу побрзо од програмер. Поради ова има повеќе решенија и потемелно разгледува.

Дополнително, по купови прегледани и споредени делови на код, вештачката интелигенција ќе може да го препознае подобриот код. Секако како и останата вештачка интелигенција и DeepCoder станува подобар колку подолго работи, па не само што ќе креира подобар код, туку и ќе ја забрза сопствената работа.

„За создавањето на IPS систем треба да се надминат 2 проблеми. Првиот проблем е со пребарувањето; да се пронајде соодветен сет на можни програми. Треба да дефинираме соодветен сет и процедура за пребарување. Вториот проблем е со рангирањето; ако има повеќе програми со влезно-излезните примери, кој ќе го искoристиме? Двата предизвици зависат од формулирањето на проблемот. Затоа најважна одлука е формулирање на пристапот за синтеза и избор на DNS.“, објаснуваат истражувачите.

Засега DeepCoder не може да креира долги програми, должината е ограничена на 5 линии код.

„Генерирање на голем код во еден обид е тешко и можеби нереалистично. Но, навистина големи парчиња код се креираат од спојување на многу малечки делови на код.“, вели Армандо Солар-Лезама за New Scientist.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии