До 2025 сите коли во Норвешка ќе бидат електрични?

За помалку од 10 години, сите автомобили во Норвешка треба да бидат електрични. Со застапеност во продажбата од дури 37% на електричните возила, Норвешка е една од државите лидери. Причината за ова се предностите кои ги имаат купувачите на електрични возила.

Во моментов во Норвешка има околу 100.000 електрични возила. Предвидувањата до 2020 се дека оваа бројка ќе биде 4 пати поголема. Најпрактичната причина за купување на електрично возило е 0% данок на додадена вредност за возила кои не загадуваат. Токму ова е главниот дел од планот за промоција на електричните возила. Засега најавата за потполно „зелени“ возила до 2025 изгледа тешко остварлива. Околу 5% од возилата на улиците во Норвешка се електрични, но пред само една година учеството беше околу 1%.

„Сигналот кој го добиваме од сите политички партии е дека секогаш мора да биде економски поисплатливо да се изберат возила кои не загадуваат отколку возила кои загадуваат… Норвешкиот парламент одлучи дека цел е сите возила кои ќе се продаваат до 2025 да не загадуваат (електрични возила или водород). Парламентот ќе ја оствари оваа цел со зелен данок кој ќе го плаќаат загадувачите, а не со забрана на продажбата.“, јави Elbil.

Норвешка не е единствената држава која сака да ги забрани возилата кои користат фосилни горива. Неодамна истото го ветија и холандските власти. Слични заложби имаат и Велика Британија и Германија.

Сепак можеби најголемиот поттик за купување на електрични возила доаѓа од компаниите кои ги произведуваат. Kупувачите во Азија кога ќе го купуваат својот електричен автомобил ќе можат истовремено да платат осигурување и одржување. Вака купените осигурување и одржување ќе им бидат достапни додека се сопственици на возилото, јави Next Web.

„Ова го правиме потивко. Во Азија каде и го започнавме ова, најголемиот дел од Tesla возилата веќе се продаваат заедно со осигурување прилагодено на Tesla. Не само што го имаме во предвид автоматскиот пилот, туку и цената на одржувањето на возилото. Наша визија во иднина е да можеме да понудиме заедничка цена за автомобилот, одржувањето и осигурувањето која ќе биде привлечна за купувачите. Токму ова се обидуваме да го направиме во моментов.“

 

2 коментари на “До 2025 сите коли во Норвешка ќе бидат електрични?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии