Кавга на годината – Илон Маск и Марк Закерберг за вештачката интелигенција

„Зборував со Марк за ова (вештачката интелигенција). Неговото познавање на оваа тема е ограничено“. Ова беше одговорот на Илон Маск, на оптимизмот на Марк Закерберг за вештачката интелигенција.

Илон Маск веќе неколку години се залага за регулација на вештачката интелигенција. Некој од групите бараат и мораториум на развојот се додека не биде креирана безбедна рамка во која ќе може да се развива вештачката интелигенција. Г. Маск и Стивен Хокинг се дел од најпознатите потписници на иницијативата за одговорност при развивање на вештачката интелигенција.

Без разлика што целата расправија е помалку глупава, сепак се чини дека не е сосем бескорисна. Оваа недела можевме да слушнеме повеќе јавни мислења на темата.

Ниту еден не е во право

Секако ставот на г. Маск е помалку контроверзен. Неговата компанија, Tesla неколку години работи на автономни возила. Ова секако е развој на вештачка интелигенција и барем во моментов е поопасен од плановите на друштвената мрежа. Facebook ја користи вештачката интелигенција за креирање на тајмлајнот, определување на интересите на корисникот и слично.

Но, и Марк Закерберг не е сосем во право со неговиот оптимизам. Развојот на вештачката интелигенција ќе придонесе за укинување на многу професии. Поточно работата ќе биде тука, но ќе ја завршува робот. Заменети ќе бидат поедноставни и неплатени професии како возачите и работници во магацини, но и секоја професија која може да се автоматизира. IBM Watson веќе дава правни совети, советите се подобри и побрзи; простор ќе остане за специјалисти правници, но тоа е отприлика сѐ.Секако, нема да бидат заменети лекарите? Погрешно! Вештачката интелигенција многу поточно и побрзо дијагностицира од лекарите. Секако, нема да може да се заменат сите лекари, но значителен број.

„Апокалипсата која ја замислува Маск е секси. Од Blade Runner до 2001: A Space Odyssey, американската јавност обожува приказни за востание на роботи и луѓе кои се доволно храбри да нѐ спасат. Ќе купат карти да ги гледаат овие филмови, и ќе проголтаат дека ова може да се случи. Вистинскиот проблем е оној за нееднаквоста на луѓето, здодевено и депресивно е да се размислува за него. Нео може да го спаси човештвото од Матрицата, но неможе да не спаси од нееднаквите приходи, невработеноста и економските поместувања“, пишува Slate.

Без сомневање во идинина ќе бидат креирани нови професии, но дали доволно брзо, и дали за сите луѓе кои ќе останат без работа е тешко да се предвиди.

Можеби проблемот најдобро го објасни Мичио Каку во интервју на CNN. Во моментов во право е Марк Закерберг, вештачката интелигенција е во подем, опасноста од свесни машини е далеку, а претприемачите ќе имаат многу можности на ова поле. Но, за 20 или 30 години, машините ќе бидат многу попаметни, и тогаш многу поблиско ќе биде предупредувањето на г. Маск.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии