Хакирана четвртата најголемата светска берза за крипто-валута

Дел од проблемите со небезбедни берзи на крипто-валутите продолжуваат и со етериум (etherium). Најголемата берза од Јужна Кореја за трговија со етериум е хакирана, а загубата е проценета на 1 милион долари. Дополнително, ова е повторно потсетување дека ниту дигиталната валута не е потполно безбедна.

Bithumb е најголема берза за трговија со криптовалута во Јужна Кореа и четврта најголема берза за трговија со крипто-валути во светот. Берзата е втора најголема берза по трговија со елетериум, веднаш зад кинеската OKCoin, вели Motherboard. Пари од берзата не се украдени, но недостасуваат податоци од 30.000 корисници. Од Bithumb велат дека нема пробиени лозинки, но корисниците тврдат дека им недостасуваат дел од средствата.

Дел од корисниците на форуми на Naver, пишуваат дека изгубиле пари. „Ограбен сум. 7.100.000 вона“ вели еден од корисниците. 7.100.000 вона се околу 6.000 долари. Од берзата не одговараат на прашањата, но веќе ги повикаа експерите од Државната агенција за сајбер-криминал.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments