Хакери го искористија CCleaner да заразат милиони корисници

Алатката CCleaner која милиони корисници ја користат за оптимизација и подобра работа на компјутерите беше користена за малициозни цели. Алатката е едноставна за користење, па затоа и има стотици милиони корисници. Од Piriform тврдат дека алатката има 2 милијарди преземања.

Хакери го искористија софтверот и во него сместија малициозен код кој им овозможи дополнително да ги инфицираат компјутерите. Малициозниот код е пронајден во 32-битната верзија 5.33 која е дистрибуирана од 15 август до 12 септември, јави безбедносната компанија Cisco Talos. Според првите податоци, оваа верзија на програмата e инсталирана на 2.27 милиони компјутери.

Кодот кој го вметнаа во CCleaner може да се користи како за инсталирање на дополнителен софтвер, така и за прибирање на податоци. Дел од податоците кои ги собира и препраќа малициозната верзија на CClener се:

  • Името на компјутерот
  • Листа на инсталираниот софтвер и надградби на Windows
  • Листа на активни процеси
  • IP и MAC адреса
  • Дополнителни податоци за процесите

Сите корисници кои ја користат верзијата 5.33 треба веднаш да ја заменат со верзијата 5.34. CCleaner нема автоматска надградба, па корисниците треба самите да ја направат промената.

2 коментари на “Хакери го искористија CCleaner да заразат милиони корисници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии