Е-печалбарство преку негативни политички вести и Facebook, анализа на BuzzFeed

Само во 2016 година се појавија над 187 политички веб-страници кои ја поддржува кандидатурата на Доналд Трамп. Благодарение на Facebook, интернет и онлајн рекламите, дел од издавачите на овие сајтови прибираа по илјадници долари месечно, вели новинарот Крег Силвермен од BuzzFeed, еден од новинарите кои први подетално ги истражија лажните вести Made in Macedonia. Податоците врз кои BuzzFeed ја правеше оваа аналаиза може да ги пронајдете на GitHub.

Интересот за изборите во САД им овозможи и на издавачи со мали тимови да стигнат до 5-цифрени заработки. Иако најголем дел од страниците се од САД, најверојатно не ја заборавивте приказната за македонските тинејџери. Според анализата на BuzzFeed, просечниот македонски тинејџер ги надминувал поголемите конзервативни медиуми од САД со своите лажни вести.

Но, по победата на Трамп ситуацијата на друштвените мрежи е изменета. Сега има повеќе лево ориентирани вести на друштвените мрежи, додека десничарските медиуми сè уште имаат поголем потенцијал на читатели. Бројот на луѓе не е сè, а левичарско ориентираните вести сега имаат поголемо ангажирање од самите читатели.

Клуч за успех или пропаст на овие страници сепак е Facebook. Друштвената мрежа има најголем придонес и во заработката и во зголемувањето на читањето на виралните вести, односно носењето на посети на самиот сајт.

Кога читателите се во прашање и тука се забележува присуството на интернет меурот. Бројот на читатели кои се префрлаат од лево ориентирани на десно ориентирани страници и кои ги читаат постовите на двете страни е минимален.

Која е мотивацијата?

Најголем дел од испитаниците велат дека започнале поради сопствените политички убедување. Кога парите започнале да пристигнуваат, тогаш тоа станало и главна мотивација.

Пронајдени се пет компании или сопственици кои поседуваат и лево и десно ориентирани страници. Најголем, и често единствен извор на приходи се рекламите од Google преку рекламната мрежа AdSense.

Она што е интересно е дека вестите за поддршка не поминуваат добро. На пример, нападите врз Хилари Клинтон, Доналд Трамп и Барак Обама редовно се помеѓу најчитаните вести. Ниту една позитивна вест за политичките кандидати не е во првите 10. Во првите 50 нема ниту една „про-Трамп“ вест.

Image courtesy of conservativefighters.com / Screen Capture

Страници од Македонија

Од вкупниот број на анализирани страници за ова истражување (678), 77 потекнуваат од Македонија. Иако по изборите е полесено да се направи вирална лево-ориентирана страница, бројот на вакви страници од Македонија е незначителен, има единствено 2 лево ориентирани страници означени со (*) во листата. Целата листа на страници кои потекнуваат од Македонија може да ја погледнете најдолу.

Од Македонија потикнуваат и 55 Facebook-станици, но друштвената мрежа неодамна затвори дел од нив, и овој број се менува.

Најуспешна страница од Македонија е ConservativeFighters.com. Ова е единствената страница од тука која има сторија во топ-50. Facebook страницата на ConservativeFighters.com надминува и некои од страниците од САД по бројот на читатели до кои стигаат вестите. Страницата имаше 2.4 милиони фанови и „reach“ од 11 милиони читатели, но е една од страниците кои Facebook ги затвори.

  • 24dailynew.com
  • 24usnews.com
  • allpoliticalnews.com
  • americanpoliticnews.com
  • americantruepatriots.com
  • analogpolitics.com
  • anews-24.com
  • bigbluedimension.com
  • blingnews.com
  • bluedimension.us
  • bluevision.news
  • buzzfeedusa.com
  • conservativefighters.com
  • conservativeshere.com
  • cosmo-politics.com
  • dailynews24-7.com
  • dailynewshouse.com
  • dailynewspolitic.com
  • dailysidnews.com
  • donaldtrumpnews.co
  • donaldtrumpnews.net
  • enhlive.com
  • everydaynews.us
  • globalinfotoday.com
  • guerrilla.news
  • instaworldnews.com
  • newpoliticstoday.com
  • news-4.us
  • newsdiscoverer.com
  • newsflashonline.info
  • newsfrompolitics.com
  • occupyliberals.com *
  • openmagazines.com
  • politcalnews4you.com
  • politicalalley.com
  • politicalinbox.com
  • politicaljungle.net
  • politicalpool.com
  • politicalsitenews.com
  • politicspaper.com
  • readconservatives.news
  • redbox.news
  • redconservativeclub.com
  • redcountry.us
  • redpeople.us
  • secretnewsusa.com
  • swampdrain.com
  • thedailynewsbox.com
  • theexaminer.site
  • thenewyorkevening.com
  • thepoliticalorder.com *
  • to-day-news-24.com
  • topallnew.com
  • totalworldnews.com
  • trumpvision365.com
  • universepolitics.com
  • usadailynews24.com
  • usadailyreports.com
  • usadailytime.com
  • usaelectionsnews.com
  • usahealthylife.com
  • usainfonews.com
  • usamagazinestudio.com
  • usanewsflash.com
  • usanewshome.com
  • usanewshome.com
  • usanewsoftheday.org
  • usanewspolitics.com
  • usapoliticsnow.com
  • usapubliclife.com
  • usaworldbox.com
  • usinfonews.com
  • uspoliticsinfo.com
  • uspoliticsinsider.com
  • uspostman.com
  • utnews.info
  • worldnewsandrumors.space
  • worldpoliticus.com

Повеќе за целата анализа ќе пронајдете во статијата на BuzzFeed.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии