Иднината е во електричните возила, oваа генерација на дизел можеби е последна, вели Volvo

Дејан Соколоски

во Свет

Сегашната генерација на дизел мотори можеби ќе биде последна за Volvo. Компанијата вели дека строгите закони во Европа нема да можат да се исполнат со овие генерации на дизел мотори, пренесува Ars Technica.

„Од денешна перспектива нема да развиваме нови генерации на дизел мотори“, вели  Хакан Самуелсон, директор на Volvo.

До 2020 година производителите на возила мора да го намалат CO2 од 130 g/km на 95 g/km. Дополнителнo, треба да се намали и емисијата на NOx, па наместо понатамошен развој на дизел мотор, Volvo се префрла на електрични возила. Сепак, компанијата нема толку брзо да се откаже од дизел моторите, возилата со дизел мотор се поефикасни од возилата кои возат на бензин.

„Само што ја лансиравмe новата генерација на бензински и дизел мотори, што ја покажува и нашата посветеност кон технологијата. Како последица на оваа одлука за иден развој на дизел мотори не е потребна во моментов“, додава директорот на Volvo.

Првите електрични возила од Volvo ќе бидат достапни во 2019 година. Возилата ќе чинат помеѓу 35.000 и 40.000 долари. Батериите би требало да овозможат на сопствениците да поминат околу 400 километри помеѓу полнењата. Г. Самуелсон истакнува дека најглем придонес за развојот на електричните возила имааа Tesla и Илон Маск.

„Мора да се истакне дека Tesla креираше автомобил кој луѓето едвај чекаат да го купат. Во оваа област гледаме простор и за нас, со квалитетен и атрактивен дизајн“, додава г. Самуелсон.

 

1 коментар на “Иднината е во електричните возила, oваа генерација на дизел можеби е последна, вели Volvo

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии