Словенечката биткоин берза NiceHash е хакирана, и од новчаниците се украдени 4,700 биткоини. Според сегашната цена, вредноста на украдените биткоини е проценета на 64 милиони долари.
NiceHash е берза која им овозможува на коррисниците да заменат процесирачката моќ на своите компјутери за криптовалути.
Станува збор за професионален напад со софистициран социјален инженеринг зад него, вели директорот на маркетинг Андреј Шкраба, за Reuters.
„Најважно, нашиот систем за исплата е пробиен и содржината од NiceHash bitcoin новчаникот е украдена. Работиме на откривање на вкупниот број украдени биткоини.
Ова е огромна причина за загриженост и напорно работиме да го решиме проблемот во следните денови. Освен нашата истрага инцидентот е пријавен и до властите и релевантни агенции“.
Претставникот на берзата ги предупреди корисниците да ги променат своите лозинки, барем како дополнителна мерка на безбедност.







