Google започна да ги тестира возилата без луѓе-возачи

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Waymo

Првите возила на Waymo без безбедносен возач започуваат со тестови во Феникс, Аризона. Компанијата ова го објави на својот блог, додавајќи дека по 8 години развој ова е следниот чекор за потполно автономни возила.

Компанијата е е уверена во можностите на автономниот возач, и сега верува дека не постои потреба од човек-возач. Со ова, Waymo ќе биде првата компанија која ќе започне со вакви тестови.

Ова не се први тестови без возач. Компаниајта и досега тестираше, но на многу куси и строго зацртани рути. Ова ќе биде прв пат возилaта на Google да возат на отворена дестинација и на најголем дел од улиците на Феникс. Тестовите започнуваат во помал реон, но до крајот е предвидено тестирање на територија поголема од Лондон и околината.

Во возењето патниците ќе бидат придружувани од експерт на Waymo, но ниту тој нема да седи на седиштето на возачот.

Што се однесува до возилото, патниците ќе се возат во Fiat Chrysler Pacifica. Максималната брзина на движење е ограничена на 40 km/h.

Ова не значи дека сите возила во Феникс ќе возат без возач како мерка за безбедност. Засега ова започнува со дел од флотата на која ќе и бидат додадени и дополнителни возила во иднина.

Засега овој превоз ќе биде бесплатен и како дел од постоечката флота. Во иднина компанијата секако ќе започне да ја наплаќа оваа услуга.

Неодамна и Tesla најави надградба на софтверот со што ќе овозможи автономија и на своите возила. Сепак, првите потполно автномни возила на улиците, можеби и очекувано, доаѓаат од Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии