Протекоа тајни документи на NSA кои ја поврзуваат Русија со хакерски напади

Тајни документи на Националната агенција за безбедност (NSA) кои ги покажуваат обидите на Русија да влијае на изборите во САД протекоа во јавноста. Федералното истражно биро веќе го упаси изворот кој ги сподели овие податоци со Intercept.

Во споделените документи за прв пат е презентиран начинот на кој руските хакери планирале и можеби успеале да дојдат до потребните податоци. Најпрво Руската агенцијата за разузнавање ги пробила податоците на производителите на софтвер и хардвер за изборите. Потоа овие податоци ги користеле во две фишинг измами до локалната извршна власт поврзана со изборите. Податоците покажуваат дека цел на напад се седум имејл адреси. Измамата успеа на еден од корисниците на овие адреси.

Напаѓачот од компримираните адреси испраќал исти документи кои ги испраќа и изборната комисија. Сепак фајловите доаѓале со код кој се поврзувал со малициозни веб-страници од каде можеби бил инсталиран и малициозен софтвер. Документите потврдуваат дека нема никаков податок за успешноста на овие напади.

Претечените документи не покажуваат дали руските напади имале било какво влијание на изборите. Ниту во нив Националната агенција за безбедност се обидува да извлече некакви заклучоци. Иако пред неколку месеци ги обвини руските хакери за оркестрирана кампања насочена против Хилари Клинтон.

Само еден час по објавувањето на веста Федералното истражно биро, објави дека изворот на податоците е уапсен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk