Tesla Model X е најбезбедното теренско возило на сите времиња

Теренското возило на Tesla, Model X е прво возило од ваков тип кој со највисока оценка ги помина сите „crash“-тестови. Автомобилот е втор на листата на безбедни возила, веднаш зад уште едно возило од Tesla, Model S.

Возилото помина со 5 ѕвезди на секој од тестовите и подтестовите кои ги прави Националната агенција за безбедност на автопатите. Чекор повеќе, ниту еден џип претходно не успеал да освои 5-ѕвездички во секоја од категориите, јави Tesla.

Најголема опасност кај електричните возила доаѓа од батериите. Во случај на пробивање на заштитата се развива висока температура и целиот автомобил многу брзо ќе изгори. Сепак батеријата на Model X е добро заштитена во околоп. Поставувањето на батеријата ниско го поставува тежиштено на возилото ниско, па џипот е супер стабилен.

Во тестовите од судир, во кои се тестираат можноста за апсорбирањето на ударот и воздушните перничиња Model X е одличен. Возилото во случај на удар однапред и од страна доби највисока оценка. Дури и во случај на сериозна несреќа патниците имаат шанса од 93% да излезат неповредени.

Засега не се тестира опасноста од хакерски напади, иако Националната агенција за безбедност на автопатите и не е соодветно место за овие прегледи. Електрониката на овие возила е специфична за нив, па можеби уште и нема тестови.

2 коментари на “Tesla Model X е најбезбедното теренско возило на сите времиња

  1. Во однос на последниот пасус, во Јуроп наша се поставуваат стандардите за Intelligent Transport Systems (ѕирнете во ETSI, има цела група за тоа: http://www.etsi.org/technologies-clusters/clusters/transportation). А преку H2020 ЕУ финансира и проект Автопилот (http://autopilot-project.eu/) со 30 компании и институти внатре, во кој што треба да се развиваат и тестираат системи за автономно функционирање на автомобилите и да се претворат во IoT уреди, за кои крајната цел би била да се вклучат во екосистемот на oneM2M.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии