Valve го отстрани Bitcoin како платежно средство за Steam

Неполни две години како платформата за игри, Steam, дозволува купување дигитални игри со виртуелната валута Bitcoin.

Со оглед на екстремно високите трансакциски трошоци кои се бараат од Bitcoin, како и екстремно високата нестабилност во вредноста, Valve реши да ја прекине поддршката за оваа валута и да оневозможи понатамошно купување со неа.

„Во последните неколку месеци, забележавме зголемување на нестабилноста на вредноста на Bitcoin, како и значително зголемување на трошоците при процесирање трансакции преку истата мрежа. На пример, трансакциските трошоци кои се бараат од купувачот од Bitcoin мрежата достигнаа невидени размери и само претходната недела изнесуваа скоро 20 долари од една трансакција, нешто што беше само 0.20 долари кога по прв пат ние овозможивме Bitcoin.“ објаснија од Valve и се надоврзаа дека ваквите трансакциски трошоци допринесуваат до неразумно високи цени за игри и до уште поголеми проблеми кога вредноста на Bitcoin значително ќе падне.

Од Valve тврдат дека во моментот не се препорачува никаква поддршка на Bitcoin валутата за нивната платформа, но би можеле да овозможат плаќање со неа подоцна, кога и доколку се нормализираат вредностите. Инаку, одлуката да се секне оваа платежно средство преку Steam беше донесена откако вредноста на само еден Bitcoin се издигна на неверојатни 14 000 долари. За процесирање на плаќања со Bitcoin, Valve ги користеше услугите на BitPay, компанија која, сосема очекувано, го имаше следново нешто за кажување:  „Разочарани сме што не можеме повеќе да соработуваме со нив во моментов.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии