IBM и Salesforce најавија партнерство за Watson и Einstein

Креаторите на двата можеби и најсофистицирани системи на вештачка интелигенција Watson и Einstein го најавија своето партнерство. IBM и Salesforce креираа заедничка платформа за соработка.

Според партнерството, IBM ќе може да ги понуди консултантските услуги на Watson преку Einstein. Всушност директно во Einstein ќе бидат интегрирани сите можности на Watson. Со ова услугите на Watson ќе им бидат достапни и на сите клиенти на Salesforce.

„За неколку години секоја одлука – лична или бизнис – ќе биде направена со помош или консултација на вештачка интелигенција и когнитивни технологии.“, вели Џини Ромети од IBM.

Интересен пример за можните придобивки, сподели Recode. Осигурителна компанија која го користи Watson ќе може преку предвидувањето на временските услови да им испрати порака на своите осигуреници и со тоа да ја намали штетата.

Дополнително, технологијата на Watson ќе му помогне на Salesforce за паметно таргетирање на корисници. IBM пак ќе може да ги користи облакот и услугите на Salesforce за своите клиенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии