Берзата на Bitcoin, YouBit затвора по вториот сајбер напад

Хакери по втор пат се обидоа да ја пробијат заштитата на јужно корејската биткоин берза YouBit.

Берзата сега поднесе документи и започна процедура за банкрот, јави BBC. Банкротот е директна последица на сајбер нападите во кои берзата изгуби 17% од крипто-валутите кои ги чуваше.

YouBit не откри колку и што е украдено во вториот напад. Во претходниот напад берзата објави дека изгуби 4.000 биткоини, кои по сегашна цена на криптовалутата се проценуваат на 73 милиони долари.

Од берзата ветија дека на корисниците ќе им вратат сума во висина од 75% од цената која ја имале на берзата.

Засега надвор од шпекулации нема никаков податок за напаѓачите.

Напади кои потекнуваат од Северна Кореја?

Јужно-корејска агенција за интернет и безбедност, Kisa за нападите ја обвини Северна Кореја. За ова нема никаков доказ, но не е прв пат да биде обвинет северниот сосед. И претходно за напади на Bithumb и Coinis беше обвинет северниот сосед.

YouBit е една од помалите берзи за тргување со криптовалути во Јужна Кореја. Најголема берза за тргување со криптовалута е Buthumb преку која се одвива 70% од трговијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии