Вашите Facebook податоци се небезбедни и јавно достапни

Stalkscan е веб-апликација која им овозможува на сите да ги разгледаат интеракциите кои ги правите на Facebook. Апликацијата сите податоци ги собира од Facebook Graph Search и е сериозно нарушување на приватноста на корисниците.

Прегледувањето на Graph Search на Facebook  веќе не е едноставно како порано, но функционалноста сè уште функционира. Благодарение на Stalkscan, друштвената мрежа станува една од најдобрите алатки за следење (stalking) на сите корисници.

Проблемите со приватноста на Search Graph не се нови. Тие се дел од причините поради кои функционалноста беше „повлечена“, иако се чини дека скриена е поточниот термин.

Stalkscan е алатка креирана од етичкиот хакер Инти Десеуклер. Иако некои луѓе можеби и со право се сомневаат во етичноста на ваква апликација, сепак целта на апликацијата е да ја подигне свеста кај луѓето кои можеби и не се доволно вешти за разберат колку податоци собира најголемата друштвена мрежа.

„Graph Search и проблемите со приватноста не се новост, но сметам дека обичните корисници никогаш не ги сфатија. Со мојата алатка сакам да допрам до луѓето кои не се вешти со технологијата затоа што најголем дел од нив не знаат што споделуваат со јавноста“, вели г. Десеуклер, за Motherboard.

DataSelfie е слична алатка која овозможува на корисниците да дознаат како вештачката интлигенција ги користи податоците да дознае повеќе за корисниците. DataSelfie е екстензија за Chrome креирана од Data X која на корисниците им овозможува да го видат дигиталниот отечаток кој го оставаат зад себе. Дигиталниот отпечаток не е новина, но со вештачката интелигенција сервисите, во случајот Facebook креираат пософистицирана слика за корисниците.

Екстензијата ги следи сите интеракции на друштвената мрежа: што гледате; колку долго му посветувате внимание; што ви се допаѓа; што отварате и што пишувате. DataSelfie ја користи технологијата развиена од IBM, Watson и од Универзитетот Кембриџ.

Екстензијата освен што ви покажува што може Facebook да дознае за вас, покажува и податоци кои ќе ви помогнат и на вас. Така корисникот може да види на кои постови најчесто троши време, на страните на кои пријатели најчесто минуваат време и слично. Податоците кои ги добивате со помош на екстензијата не се јавни и не се чуваат некаде во некој облак. Наместо тоа сите податоци се чуваат локално, и корисникот може да ги избрише кога сака.

Кодот на DataSelfie е отворен и достапен на Github.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии