Tesla планира изградба на Supercharger во Скопје

во feature, ИТ.МК

Најголемиот производител на електрични возила, Tesla на својата Supercharger мапа го додаде и регионот. Компанијата најавува изградба на нови полначи во регионот, а еден од нив ќе биде лоциран во Скопје.

Станува збор за некое следно проширување на мрежата, а за дата во кое би било извршено засега нема податок. На листата држави од регионот во кои Tesla ќе додаде станици се: Босна и Херцеговина, 2 полначи; Србија, 3 полначи; Бугарија, 1 полнач; Грција, 5 полначи, Романија, 3 полначи. Ќе биде проширена и мрежата во Хрватска; Таму досега има 2 Supercharger полначи, а ќе бидат додадени уште 3.

Планот на Tesla е да ја прошири мрежата во Југоисточна Европа, јави B92. Во Македонија ова ќе биде прв полнач на Tesla, во регионот Хрватска и Словенија веќе имаат полначи. Засега периодот во кој може да го очекуваме суперполанчот, е наскоро, а нема податок за кога поточно би можеле да го очекуваме ова идно проширување на мрежата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk