Вештачката интелигенција на Google научи да биде агресивна

Вештачката интелигенција на Google научи куп работи: од победување во Go, до имитирање на човечки глас, па дури и криптирање на сообраќај. Истражувачите започнаа да го тренираат DeepMind и на соработка, но во текот на играњето кога DeepMind е блиску до губење станува агресивен. Оваа тактика во текот на неколку еднoставни игри му помага од раб на пораз да заврши со победа.

Компанијата креираше неколку тест игри. Gathering е едноставна игра во која два противници управувани од DeepMind се натпреваруваат кој ќе собере повеќе „јаболки“. Кога има доволно јаболки противниците ги собираат јаболката. Кога бројот на јаболки се намалува почнуваат да ги користат ласерите за да ги онеспособат противниците.

Интересно е што понесофистицираната верзија на DeepMind не го користела „ласерот“ туку ги завршувала партиите нерешено. Со понапредните и поголеми верзии системот пронаоѓал решение за дојде до повеќе јаболки. Секако ова најмногу зависи од параметрите. Така во овој случај единствено се бодуваат јаболките, а нема казна за користење на ласерот.

Wolfpack е друга игра која ја разви тимот. Овој пат двата „агенти“ се во улога на волци кои бркаат плен. Волците можат и самите да го уловат пленот, но ризикуваат поголеми противници да им го одземат. Во оваа игра учесниците добиваат поени и ако се во близина кога е уловен пленот. Наградата е иста и кога играчот ќе го улови пленот и кога е во близина на уловениот плен.

Очекувано со оваа игра агентите „научија“ за придобивките од соработката, па најчесто соработуваа за да го задржат пленот.

Вештачката интелигенција е во самиот зачеток, но токму овој пример покажува зошто креаторите мора да бидат внимателни. Можеби Skynet е далечна иднина, но ако два различни агенти се на различна страна од едно решение може да има сериозни последици.

„Помислете на вештачка интелигенција која управува со семафорите и сака да го забави сообраќајот и автономни автомобили кои ја бараат најбрзата рута. Едниот и другиот систем мораа да ги имаат предвид двете цели за да го одржат сообраќајот брз и безбеден.“, констатира Science Alert.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии