Google ги објасни проблемите со лажните вести, Русија се жали

Ерик Шмит од Alphabet, објасни кои се проблемите на Google со презентирање на лажните вести. Алгоритмите на Google имаат голем проблем кога треба да презентираат спротивни податоци кои ги презентираат повеќе групи.

Секако, тоа што алгоритмот не знае да процени што е вистина, не е изненадување. Можеби поголемо изненадување е што Google инсистира алгоритми да сортираат содржини за кои се исклучително неприлагодени.

„Да речеме дека оваа група верува во факт А, а оваа во факт Б, и страсно се спротивставувате едни со други. Пишувате и објавувате постојано. Многу ни е тешко да сфатиме што е вистината.

Кога овие групи се рангираат тешко ни е соритраме кој треба да оди повисоко“, вели г. Шмит на Меѓународниот форумот за онлајн безбедност во Халифакс.

Еден од потезите кои ги повлече друштвената мрежа беше намалување на рангот на двата најголеми руски медиуми. Вестите од Russia Today и Sputnik се појавуваат пониско во резултатите. Овој потег портапоролот на Руското министерство за надворешни работи го нарече цензура. Додавајќи дека: „Google е под силен притисок на властите во САД“, пренесе Reuters.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии