Faraday Future конечно претстави прототип на возилото кое го најави минатата година. Возилото FF91 е прво од овој производител, а автомобилот беше дел од презентациите на CES.
Car fast pic.twitter.com/xg4GJSqxYp
— Matthew Lynley (@mattlynley) January 4, 2017
FF91 според првата презентација е барем подеднакво добар автомобил како и Tesla. Возилото забрзува побрзо до 100 km/h, а и батеријата овозможува подолго возење пред да треба да се полни. Возилото може да помине 775 километри, при брзина од 90 km/h.

Возилото до официјалната продажба најверојатно ќе има куп промени, но веќе има најава за дел од технологијата која може да ја очекуваме во возилото. Две антени за Wi-Fi хотспот и препознавање на ликот за автоматско отклучување се дел од најавената технолoгија. Најавени се и паметни функции како автоматско паркирање, но технологијата не профункционира на сцената. Иако нема најавена цена за FF91, за возилото е потребен капар од 5.000 долари, а првите возила ќе бидат достапни 2018, јави TechCrunch.
Карактеристики на автомобилот:
- 1050 коњски сили
- забрзување од 0-100 км/ч за 2.39 секунди
- брзина на полнење: полнење за километража од 500 км за само еден час
- ADAS сензори со 3D лидар, 13 радари, 12 ултра-звучни сензори, 10 HD камери

Faraday наликува на Tesla, но на изгледот на автомобилите на самите почетоци. Тогаш Tesla произведуваше и презентираше брзи и луксузни возила. Денес изгледа дека Tesla е поинаква компанија, се обидуваат да создадат семеен електричен автомобил и авто-пилот. Дополнително, Tesla работи и на електрични батерии за домот, и соларни панели.

На презентацијата на CES 2017 сепак автомобилот имаше доста недовршени моменти и голем дел од презентацијата не помина како што компанијата планираше, по што се јавија и доста шпекулации околу тоа како Faraday Future функционира, кој е зад компанијата и слично, дел од нив присутни и во следново видео…
Ако компанијата работи напорно на концептот, се чини дека автомобилот ќе биде таман на време за 202о, кога и се проценува дека до тогаш електричните возила ќе имаат позначителен удел на пазарот или минимум 10 отсто застапеност во индустријата.







