Бројот на веб-страници кој копаат крипто валути со вашиот процесор е сѐ поголем

Дали можеби викендов се обидовте да посетите некој стрим сервис за да изгледате некој фудбалски натпревар? Тогаш најверојатно анти-вирусот побудале со постојаните нотификации за блокиран крипто-мајнер.

Дополнително, расте и бројот на хакирани веб-страници во кој е вметнат код што копа крипто-валута. Трендот започна со Pirate Bay кој тестираше можност за замена на рекламите со копање крипто валути.

Скриптите на Coinhive кои ги тестираше Pirate Bay се прoнајдени и се злоупотребени на сајтот Politifact.com, јави ArsTechnica. На Google Play се пронајдени и две апликации кои отвораат скриен прелистувач и JavaScript код за копање крипто валута.

Околу 220 страници од најпопуларните 100.000, според Alexa користат скрипти за копање на крипто-валута. Страниците заработиле околу 43,000 долари.

Coinhive веќе презентираше сервис кој ќе им овозможи на страниците да побараат дозвола од корисникот пред да го започнат копањето. Сепак засега наместо овој сервис (authemine), Coingive продолжува да го користи претходниот. Главна прична за ова секако е заработката. Coinhive на корисниците им овозможува мал процент од секоја заработка. Валутата која ја копаат со Coinhive е Monero.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk