Seavus претстави вештачка интелигенција за приватниот и јавниот сектор

Image courtesy of Seavus

Seavus претстави вештачка интелигенција DoAI, која може да се прилагоди на различни процеси и операции. Прв клиент кој ја доби вештачката интелигенција, се регрутерите Jobmore. Ова е прв пат вештачка интелигенција да се користи при селекција на кадар.

Очекувањето е дека ќе консултантите на Jobmore ќе имаат 30% повеќе време. Во просек, потребни се 300 минути за скрин и рангирање на апликациите. Вештачката интелигенција ова го прави во реално време, а потоа до консултантот стигаат единствено податоците за најдобрите кандидати.

„Проценуваме дека ова ќе заштеди 30% од времето на консултантот. Ова е огромна заштеда за нас. Консултантите може да поминат повeќе време на квалитативни задачи, како состаноци со регрутите и поддршка во работата со клиенти. Заштедата на време овозможува и средби со повеќе кандидати без да се намали квалитетот на работа“, вели Јоаким Јенсен од Jobmore.

Дополнително, вештачката интелигенција нема да го оценува кандидатот врз основа на изгледот на неговото CV. Без разлика какво е искуството на кандидатот во пишување на CV, кандидатите ќе имаат подеднаква можност ако се квалификувани за работата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии