Пет најнарушувачки стартапи за вештачка интелигенција според Nvidia

во Свет

Производителот на дел од најмоќните графички картички, Nvidia, е во мисија да ги пронајде најнарушувачките (disruptive) стартапи, чии главен интерес е вештачката интелигенција.

„На почеток сме на една од наголемите револуции поврзани со компјутерите. Револуцијата на вештачката интелигенција е пред нас“, вели Џен-сун Уанг, од Nvidia.

Компанијата започна со своевидно шоу во кое панел на судии-експерти ќе ги бираат најдобрите стартапи. Стартапите ќе се претстават пред жирито, и ќе се натпреваруваат за главната награда. Минатата недела г. Уанг одржа „shark-tank“ настан, со кој преселектираа добар дел од стартапите и ги поделија во неколку категории. Победникот од секоја од категориите ќе добие 375.000 долари, а второпласираниот 125.000 долари. Конечно најдобриот од сите категории ќе си замине со награда од 1.5 милиони долари, вели Venturebeat.

На листата кандидати за најнарушувачки стартап има пет кандидати:

  1. Smartvid.io е стартап кој со помош на вештачката интелигенција ќе се обиде да ги направи градилиштата побезбедни. Начинот на кој ова ќе биде направено е преку анализа на купишта фотографии. Овие фотографии вообичаено се користат за следење на прогресот на градењето. Сепак, стартапот најде начин со кој овие фотографии може да се анализираат и користат и за поголема безбедност. Опасностите на градилиштата се големи и во САД каде 1 од 10 работници се повредува секоја година.
  2. Израелскиот стартап Deep Instinct работи на технологија која треба да го реши проблемот со пронаоѓање на непознат малициозен код. Начинот на кој стартапот го прави ова, е со анализа на кодот. Голем дел до кодот кој го користат напаѓачите не се разликува премногу во различни генерации; нов код е само 30%. Со анализа на кодот може да се пронајдат сличните бинарни фајлови. Технологијата засега има висок процент на успех од 99%. Ова важи дури и за малициозен код со кој технологијата нема контакт. Deep Instinct не само што е „полесен“ од конкурентите, туку погрешно регистрира (false positive) само 0.1% од случаите.
  3. Cape Analytics ќе им помогне на осигурителните компании. Технологијата овозможува преку анализа на фотографии, осигурителните агенти да добијат повеќе податоци за објектите. Со ова ќе имаат можност за податоци од прва рака. Фотографиите кои ќе ги користат се од воздух. Стартапот работи на креирање на датабаза од 100 милиони објекти.
  4. Германскиот стартап Konux работи на технологија која ќе овозможи анализа на искористеноста на железничките пруги. Ова ќе овозможи замена на стандардните прегледи на скретниците на возовите со „броење“ на бројот на префрлањa. Потоа е поедноставно, кога бројката ќе дојде до лимитот за ремонт, ќе биде испратен тимот кој ќе ја сервисира или замени опремата.
  5. Digital Genius не е единствена компанија која ја користи вештачка интелигенција за замена за грижата на корисници. Watson на IBM веќе работи на слична технологија. Сепак, стартапот се обидува да биде конкурентен на технологијата на гигантот. Технологијата ќе треба да ги замени и луѓето кои се вработени во грижата за корисници. Со ова значително ќе се намалат трошоците на компаниите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk