Велат дека најдобрите работи во животот се бесплатни. Ова е особено вистинито во поглед на различни софтверски решенија. Здравата конкуренција и имплементирање поразлични тактики за заработка, имаат допринесено до експлозија од  квалитетен и исклучително корисен софтвер за корисникот. Кога изборот е огромен, лесно можете да се најдете во ситуација да не знаете со што да одите. Токму поради тоа, решивме да ги засукаме ракавите и да го извлечеме најдоброто од бесплатното. Ова е софтверот кој едноставно мора да го имате инсталирано на вашите компјутери.

Мултимедиа

Gimp

Како солидна алтернатива на Photoshop, Gimp изобилува со опции за комплексно управување со фотографии и уметнички излагања.

Krita

Оваа алатка за цртање се провлекува низ животите на уметниците веќе две децении и е задолжително парче софтвер за сите оние кои сакаат да ја проверат дигиталната димензија на цртањето

Lightworks

Што е заедничко за холивудските хитови The Wolf of Wall Street, LA Confidential и The Departed? Овие три филмови, како и многу други (Pulp Fiction, Heat, Road to Perdition, Hugo, The King’s Speech) се направени со професионалниот видео едитоr Lightworks. Прочитајте повеќе!

МusicBee

За автоматизирано и лесно справување со проблемите кои произлегуваат од поседување огромни колекции побарајте помош од MusicBee. Програмот ви помага да ги организирате и нај хаотичните колекции со автоматско тагување на вашите песни, отстранување дупликати, поправање отцепени албуми, наоѓање слики од албуми, па дури и стихови од песни. Прочитајте повеќе!

Freemake Video Converter

Во ситуации кога имате потреба да преземете или конвертирате одредено видео од сајтови како YouTube или Vimeo, би можеле да побарате помош од алатките HD Video Converter FactoryFree Video Cutter Expert 4,  TEncoder Video Converter или пак Freemake Video Converter. Прочитајте повеќе!

Audacity

Audacity е задолжителна алатка за сите љубители на музиката. Не само што ви дозволува да снимате интернет радио станици (за малку поразлична алтернатива прочитајте за StreamWriter), туку и ви дозволува да ја дигитализирате вашата музичка колекција, како и да внесете најразлични ефекти. Прочитајте повеќе!

Безбедност и заштита

Bulk Crap Uninstaller

Програмот ви дозволува автоматизирано деинсталирање на неколку програми од еднаш, а потоа чистење на сите заостанати траги. Прочитајте повеќе!

Revo Uninstaller и CCleaner

Стандардната процедура за отстранување софтверски апликации знае да биде нецелосна и, во поголемиот дел, го отстранува дрвото, но не и корените. Како резултат на ова, хард дискот и оперативниот систем се непотребно оптоварени и би можеле да се окарактеризираат со забавено извршување на одредени процеси. Прочитајте повеќе за програмите кои ќе ви помогнат да се справите со ова.

Дали би сакале да знаете на кој друг начин да го забрзате стартувањето на вашиот комјутер? Кликнете тука!

Tor прелистувач

Помислата дека некој ѕирка во вашите прелистувачки навики знае да биде значително вознемирувачка. Добивање увид во таквото нешто e лесно со стандардните прелистувачи, но не и со Tor. Прочитајте како и вие да ја зголемите вашата приватност! Tor, патем се најде во топ 10 слободен софтвер за 2017 година. Ве интересира кои се останатите девет?

Bitdefender Home Scanner и Bitdefender Ransomware Recognition

Антивирусот Bitdefender е исклучително способен антивирус каде фокусот е на минималистички пристап, со минимално трошење ресурси и скоро никакво малтретирање да ја купите комерцијалната верзија. Bitdefender Home Scanner, пак, идентификува потенцијални, безбедносни проблеми во вашата мрежа, а Bitdefender Ransomware Recognition би можелa да ви ги поврати податоците без да ве принуди да преземете драстични мерки. Прочитајте повеќе за првата, односно втората алатка. 

Malwarebytes AdwCleaner 7

Оваа бесплатна алатка е доволно моќна да им удри клоца на сите пакосници во форма на PUP, адвер или непотребни ленти со алатки. Прочитајте повеќе!

1Password

123456 и password се сè само не добри лозинки и она што обично ви треба е коктел од големи и мали букви, бројки и симболи или уште подобро цели реченици и фрази. 1Password ќе ви помогне како да создадете комплексни лозинки и никогаш да не мора да ги паметите. Прочитајте повеќе!

OW Shredder

Поискусните корисници знаат дека бришењето на податоци со притискање на копчето Delete и празнење на Recycle Bin не е доволно и, доколку соодветно се реагира, податоците можат да се повратат со програми како Recuva. Прочитајте повеќе за програмот кој ќе ви помогне да ги избришете несаканите податоци засекогаш.

Unchecky

Unchecky е програма која тивко работи во позадина и ве спречува да инсталирате непотребен адвер или ленти со алатки за прелистувач. Секој пат кога ќе започнете процес за инсталирање, апликацијата си зема за слобода автоматски да “дештиклира” непотребни понуди кои „изборно“ се наметнуваат како дел од инсталациониот пакет. Прочитајте повеќе!

Iperius Backup Free 5

Се работи за апликација за сочувување и враќање на претходната состојба на вашиот компјутер, се со цел да се овозможи максимална безбедност на вашите лични податоци. Прочитајте повеќе! 

Windows Repair Toolbox 2

Збир од корисни алатки за подобро здравје на Windows, алатка која функционира како центар од кој се покренуваат бројни други алатки кој ќе дадат сè од себе да ги искоренат или, во најмала рака, лоцираат проблемите кои го мачат вашето милениче. Прочитајте повеќе!

Системски алатки

PDF читачи

Во последно време, Foxit стана уште подобра, а PDFill Tools 13 ви дава целосна контрола врз PDF документите, но доколку ве интересира кои се најдобрите читачи, кликнете тука!

Em Client

Се работи за еден од најдобрите клиенти за и-мејл, кој работи со POP3, SMTP и кој било друт систем за испорачивање и-мејлови. Бесплатната верзија, меѓутоа, ве ограничува во бројот на акаунтите кои можете да поврзате со програмот.

Складирање на облак

За тоа каква е ситуацијата со складирање на облак пишувавме поодамна, но се чини дека независно со кој сервис да одите, нема да погрешите.

Exact Audio Copy

Бесплатна алатка која ви дозволува да ги преземете аудио траките во квалитетните формати FLAC или WAV, a за да бидат работите уште подобри, секој сектор од медиумот се чита најмалку двапати, за да се провери дека датата која се копира е точна. Прочитајте повеќе!

Milanote

Milanote ви дозволува мултимедијалниte податоци да ги распоредувате како сакате, да ги обележувате во различни бои и да ги поврзувате со различни стрелки, сè со цел да се разбуди креативноста во вас и преку визуелно-моќна перспектива, да произлезете со концизно решение за вашиот проблем. Прочитајте повеќе!

Ninite

Во случај да форматирате компјутер и да сакате еден куп корисни, бесплатни алатки, Ninite e алатка која со задоволство ќе ви излезе во пресрет. Преку еден инсталер можете да одберете ги одверете саканите програми и брзо и едноставно да ги инсталирате на новата машина, без да се малтретирате со неколкукратни инсталирања.

HARDiNFO 8

Колку всушност знаете за вашето PC и за хардверските компоненти кои се кријат во неговата внатрешност? HARDiNFO 8 е програма чија цел е да ѕирне под хаубата и подобро да ве запознае со точните вредности за хардверот, но и оперативниот систем. Прочитајте повеќе!

Easy 7-Zip

Претпоставуваме дека е мал бројот на корисниците кои не слушнале за 7-Zip – ситна, но експлозивна апликација за исполнување на сите ваши потреби за компресирање податоци. Но, што доколку би ви кажале дека од лесно има уште полесно? Easy 7-Zip e бесплатна алатка која е базирана на истиот изворски код, но со поедноставен и проширен интерфејс кој се справува со поголемиот дел познати формати за компресија, не исклучувајќи ги форматите Zip, TAR и RAR. Прочитајте повеќе!

Гејминг

За бројните продавници и клиенти имаме зборувано во бројни наврати, но се чини дека Steam, Origin и GoG доминираат на пазарот. За подобро запознавање со продавниците и бројните распродажби би можеле да се информирате тука. Распродажбата е одамна завршена, но советите и понатаму „држат вода“

Канцелариски пакети

Кои се најдобрите бесплатни алтернативи на Microsoft Office? Преку нашиот специјализиран извештај пробавме да одговориме токму на оваа прашање. Дознајте тука!

Кои се вашите топ програми? За кои погрешивме што ги ставивме во листата, а кои се осмеливме да ги пропуштиме? Кажете ни во коментарите, форумот или на социјалните мрежи!

3 коментари на “30 најдобри бесплатни програми

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии