Поголема контрола врз видео материјалите со HD Video Converter Factory 11

HD Video Converter Factory 11 е софтверска апликација која ви е потребна од две причини: средување видео материјали или нивно преземање од сајтови кои специјализираат во видео хостирање.

Во поглед на прилагодување на видеата, можете да ги скратувате, да исфрлувате одредени делови или пак да спојувате повеќе помали видеа во еден поголем фајл. Згора на ова, програмот нема да ве разочара дури и доколку сакате да конвертирате од еден формат во друг.

Авторите ветуваат можности за конвертирање видеа во MP4, MOV, AVI, MTS, HD MP4, HD AVI, HD MPG, AVCHD, H264, iPad, iPhone

Од друга страна, лесно ќе можете и да преземете видео материјали и музика од YouTube или слични сајтови (LiveLeak, Vimeo, MetaCafe, Facebook), па потоа и истите да ги да ги средувате на некој од горе-споменатите начини.

Бесплатната, единаесетта верзија на HD Video Converter Factory има одредени ограничувања и нема да ви дозволи да конвертирате видео материјали во резолуција која е над 720p. Доколку немате потреба за ова, се што треба да направите е да го повлечете саканото видео во предвидениот прозорец, да изберете некоја од понудените алатки (како Clip, Crop или Effects), да го изберете излезниот формат и самурајски да го нападнете копчето Run.

Во случај да не ви се допаѓаат потенцијалите на HD Video Converter Factory 11, дефинитивно свртете го вашето внимание на еднакво моќниот Free Video Cutter Expert.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments