Adobe Acrobat Reader е најпознатиот читач на .pdf документи, но ако нешто не им се допаѓа на повеќето корисници тоа е неспособноста инстантно да се заклучи кои опции се бесплатни, а за кои е потребно да платите, што дополнително покренува прашања за тоа колку всушност е корисна бесплатна верзија. Токму поради тоа, многумина корисници често го насочуваат вниманието кон Sumatra PDF. Читачот се истакнува со исклучителна брзина и едноставен, пријателско настроен кориснички интерфејс кој не го бомбардира корисникот со непотребни опции. Sumatra PDF нема да разочара ни доколку вашите интереси лежат во читање е-книги или пак стрипови. Прегледување по табови е исто така овозможено за да можете да отворате повеќе документи од еднаш и лесно да скокнувате од еден на друг. Најголемите забелешки се упатуваат кон застарениот изглед кој, за многумина, преколнува за модерен фејслифтинг.

Кога би бирале помеѓу Foxit Mobile PDF и Foxit Reader, најверојатно би оделе со првиот. Foxit Mobile PDF е достапен само за Windows 10, Android и iOS корисниците. Во поглед на бројот на функции, мобилната верзија е значително посиромашна од поголемиот брат, но затоа е значително побрз и поедноставен за користење. Највеќе се истакнува по ноќниот режим за читање, приказ на страните во најразлични бои, како и множество од алатки за одбележување и внесување текст и забелешки. И двете верзии ви дозволуваат да ги користите услугите како Google Drive, Drobox или OneDrive за побрз пристап на документи складирани на облак. Во случај да барате солидна алтернатива за Windows 10, би можеле да ги проверите и потенцијалите на Microsoft Reader.

Foxit Reader е моќна алатка која не само што ви дозволува да одбележувате документи на најразлични начини туку и ви дозволува да пополнувате формулари, да внесувате потписи, па дури и да создавате, односно конвертирате  .pdf документи од .word документи или слично. За многумина, читачот се осудува како значително по спора алтернатива, особено кога во рингот ќе влезе Sumatra PDF. Дополнително, интеграцијата со Google Drive знае да разочара, а и на многумина не им се допаѓа тоа што одредени безбедносни проблеми и понатаму се провлекуваат низ верзиите.

Би ве потсетиле и дека имате целосна контрола врз PDF документите со PDFill Tools 13, SoftMaker нуди сет од бесплатни канцелариски алатки, а OfficeLens е џебен скенер за конверзија и целосно прилагодување на документи.

1 коментар на “Најдобрите PDF читачи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии