Заборавете на лозинките со 1Password

123456 и password се сè само не добри лозинки и она што обично ви треба е коктел од големи и мали букви, бројки и симболи или уште подобро цели реченици и фрази. Таквото нешто, меѓутоа, е исклучително тешко за помнење, особено кога ќе земете во предвид дека за секој сајт ви треба уникатна лозинка, а не (варијации од) иста.

Во ситуации кога немате над нормален капацитет за помнење работи кои никој нормален човек не би требало да ги помни, ви препорачуваме да побарате помош од 1Password. Со напомена дека како и секој компјутер и уред поврзан на интернет, така и серверите и сервисите и на оваа алатка можат да бидат хакирани и вашите податоци компромитирани.

Она што оваа апликациja всушност претставува е дигитален трезор од кориснички имиња и лозинки, но и PIN кодови, документи и кредитни картички. На вас се остава само да креирате и да помните една, уникатна лозинка за 1Password. Секоја пат кога треба да се логирате на некој сајт, за кој претходно сте ги складирале потребните информации со 1Password, пристапот е автоматизиран и побезбеден отколку истава опција на вашиот прелистувач или пак запишување на лозинките во некој тефтер.

За да ги проверите потенцијалите на 1Password имате бесплатен пробен термин од месец дена. 1Password доаѓа со соодветни апликации за Mac, Windows, iOS и Android и, доколку сакате да ги користите по тестниот период, потребно е и парично да се посветите со три долари месечно за еден корисник. Со вториот пакет од пет долари месечно ви се дозволува да ја проширите услугата на уште четири други членови од семејството.

Доколку пак барате бесплатна алтернатива која ги нуди дел од опциите на 1Password, истата се вика LastPass.

2 коментари на “Заборавете на лозинките со 1Password

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии