Со Unchecky инсталирајте го само тоа што го сакате!

Оние кои што често инсталираат софтверски апликации, знаат дека покрај саканaта програма се провлекуваат и неколку други кои не сте ги ни сакале на прво место. Зборуваме за ситуации кога инсталирате програма за слушање музика, а со него се наметнува и „револуционерно решение за забрзување на вашето PC“ или лепеза од непотребни додатоци за вашиот прелистувач. Нормално, за да се избегне сево ова, сè што треба е да сте внимателни помеѓу кликнувањата на копчето next, но кој има време за тоа? Уште полошо, што е со сите ваши роднини, баби и дедовци кои живеат за можноста да инсталираат по најмалку десет парчиња софтвер дневно? 😄

Unchecky е програма која тивко работи во позадина и ве спречува да инсталирате непотребен адвер или ленти со алатки за прелистувач. Секој пат кога ќе започнете процес за инсталирање, апликацијата си зема за слобода автоматски да “дештиклира” непотребни понуди кои „изборно“ се наметнуваат како дел од инсталациониот пакет. Во случај да не забележите со што се согласувате, програмата јасно ве известува за можниот ризик при инсталирање дополнителен промо софтвер и ви дозволува уште еднаш да ги разгледате почетните чекори од инсталацијата. Од време на време, се случува програмот да не ги препознае и да не ги деактивира сите понуди на одредени пакети, но таквото нешто е исклучително ретко.


Најновата верзија на Unchecky само ја потврдува посветата на авторите и дополнително го втемелува своето место со поддршка за препознавање на многу други нови програми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии