Бесплатно создавајте професионални видеа со Lightworks 14

Што е заедничко за холивудските хитови The Wolf of Wall Street, LA Confidential и The Departed? Овие три филмови, како и многу други (Pulp Fiction, Heat, Road to Perdition, Hugo, The King’s Speech) се направени со професионалниот видео едитор Lightworks.

Неодамнешната, четиринаесетта верзија се одликува со моќни алатки уредно интегрирани во лесен и интуитивен кориснички интерфејс. Пристапот до повеќето е бесплатен, но само доколку сакате таквата видео изработка да ја поставите на YouTube или Vimeo, со резолуција која не смее да е поголема од 720p, што, ќе се сложите, е сосема доволно за повеќето домашни корисници.

Покрај подобрувања во интерфејсот, Lightworks 14 нема да ве разочара ни со бројните опции при импортирање, флексибилната лента за скратување материјали, како и изобилство од корисни аудио и видео содржини за дополнително разубавување на видеото. Како да ова не е доволно, алатката за синхронизација се приклучи кон лентата со бесплатни алатки, а севкупното искуство е дополнително испеглано со бројните исправки и подобрувања.

Lightworks 14 е одлично решение за работа на Windows, Linux или Mac OS X! Проверете ги вашите продуцентски способности тука, но доколку барате солидни алтернативи на оваа професионална алатка која има над 20 години искуство во филмската индустрија, дефинитивно проверете ги и потенцијалите на OpenShot или Avidemux.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments