Започнаа распродажбите на игри

Во исчекување на овогодишниот неформален глобален празник познат како Black Friday/Cyber Monday, поголемиот број видни продавници на игри започнаа со предвремена распродажба на дигитални клучеви. Огромната распродажбата на Steam само што започна, но зошто да го насочите вашиот паричник само кон оваа продавница? Поради тоа, не заборавајте да го посветите вашето внимание и на некоја од бројните продавници кои исто така навлегоа во сезоната и продаваат игри со попусти до 90 проценти.

Не ви се трошат пари? Нема проблем, IT.mk ве наградува со игрите Zeno Clash, Sid Meier’s Ace Patrol, како и симпатичната Knights of Pen & Paper. За да станете потенцијален добитник, сè што треба да направите е да го пронајдете овој пост на нашата Facebook страна и да го лајкнете и да оставите коментар на постот. Најсреќните читатели ќе ги одбереме и наградиме во утре претпладне по случаен избор и истите ќе добијат бесплатни клучеви за игрите!

Steam

Распродажбата на омилената гејминг платформа започна и е повеќе од импресивна! До 29 ноември имате на располагање длабоки попусти на илјадници игри, а покрај купување дигитални добра, ја имате честа по прв пат да гласате за најдобрите игри на Steam. Таканаречените The Steam Awards доаѓаат овој декември, а вам ви дозволуваат да гласате за игри во осум категории, како и да добиете уникатни значки за вашиот профил.

Совет: Ваквите распродажби обично го „размрдуваат“ пазарот со купување карти, така да не заборавајте да ја искористите можноста да се консултирате со нашиот водич за да печалите додатно евро и на тој начин.

Origin 

Продавницата на EA Games нуди на располагање игри со попусти до 75%. Она што ќе најдете помеѓу насловите е Titanfall 2, како и Battlefield 1 за 40 евра, Garden Warfare 2, Star Wars Battlefront и комплетната едиција на Dragon Age: Inquisition за по 15 евра, The Sims 4 и бројните проширувања со попусти до 60%, но и постари наслови како Crysis, Dead Space, Command and Conquer и Mass Effect за по цена од 2 до 5 евра.

Совет: За додатни попусти од уште 10 проценти ви препорачуваме да се претплатите на Origin Access програмата со која добивате месечен пристап до триесетина игри и додатен попуст од 10% на скоро сите продукти.

slika-1

GamersGate

Продавницата  зад која стојат издавачите Paradox веќе подолго време е во фаза на распродажба на бројни игри со исклучително длабоки попусти. За детален увид во сите понуди, кликнете на копчето offers и подредете ги насловите според најдобра цена/ попуст или популарност.

Совет: Со секоја купена игра, добивате одреден процент плави парички – дигитална валута на GamersGate со која можете да купувате други игри. Плави парички добивате и со оценување игра, пишување рецензија или одговарање на прашање во нивниот оддел Game Tutor. Разбирливо, на ваков начин не добивате многу парички, но по извесно време количината се зголемува и со мало влијание можете да си „купите“ игра.

slika-2

GOG 

Продавницата која се прослави со издавачите CD Project Red и феноменалниот The Witcher серијал нуди скромен избор и уште поскромни попусти на мал број игри од кои дефинитивно би сакале да ги изделиме Vampire The Masquerade, Divinity Original Sin и Banished, како и неколкуте пакети од интересни, но постари игри.

Совет: Во случај да ја имате играта Limbo на Steam, можете да ги поврзете акаунтите една со друга и GOG ќе ви даде DRM-Free верзија од играта преку бесплатната услуга GOG Connect. Кога сме кај тоа, сите игри преку оваа продавница немаат никакви заштити и можат да се инсталираат онака како што вие сакате.

slika-3

Green Man Gaming

Британската продавница се одликува со бројни попусти кои се делат на дневни или неделни зделки како Grand Theft Auto за 28 евра, Half-Life колекција за 7 евра, Left 4 Dead за неполни 4 евра, како и бројни други серијали и (не)познати игри.

Совет: Креирајте акаунт за да добиете пониски цени на одредени игри и искористете го ваучерот BLACKFRIDAY10 за додатен попуст од 10%. Со секоја купена игра добивате една „мистериозна“ игра. За секоја направена нарачка, меѓутоа, нам ни се паднаа игри од исклучително сомнителен квалитет, но бесплатно е бесплатно, или барем така викаат. :)

slika-4

WinGameStore 

Една од нашите омилени продавници исто така ја искористи можноста да ви продаде стотици игри по исклучително ниски цени. Покрај зделките кои се менуваат еднаш дневно, имате на располагање и зделки со траење до крајот на распродажбата, уредно подредени во соодветни категории.

Совет: Слично со GamersGate, но не со иста длабочина, WinGameStore ве наградува со поени кои ве поставуваат како сребрен или златен купувач. Одредени активности, како купување, рецензирање или гласање ви доделува поени кои, за возврат, ви даваат ваучери (100 поени = 5 долари).

slika-5

Square Enix 

Познатите издавачи Square Enix имаат огромна распродажба на нивните игри, од кои особено би сакале да го изделиме серијалот Final Fantasy. По прв пат, поголемиот дел од игрите од овој серијал се продаваат со попусти до 70 проценти и ако веќе морате да купите некоја нека тоа биде X/ X2 Remaster или пак XIII и XIII-2. Од останатите понуди, ги имате серијалите како Lara Croft, Hitman, Deus Ex или Thief.

Совет: Со оглед на ова дека се работи за продавница за американскиот пазар потребно е да ставите и таква адреса (ние одевме со 1981 Landings Drive, 94043 Mountain View US-CA, но слободно внесете некоја друга валидна адреса). По направената продажба, ќе добиете sms код и по извршената верификација ќе ви биде пратен клучот за активација на Steam. Можеме да потврдиме и дека ниеден од купените клучеви не беше „регионално заклучен“.

slika-6

Games Republic

По долго време на сцената, продавницата конечно почна да продава игри и на македонските муштерии, а она што ќе најдете во моментот е огромна распродажба на интересни ААА и инди игри.

Совет: Со креирање акаунт и верификација на мејлот добивате ваучер со 5% попуст, а со нарачка повисока од 5 долари, добивате бесплатна копија од Anomaly 2. Со пониска нарачка ја добивате бесплатно играта Anomaly: Warzone Earth.

slika-7

IndieGala 

Познатата италијанска продавница на пакети од игри има и продавница која, покрај инди игри, нуди на распродажба и ААА игри со длабоки попусти, игри како Dragonball, Warhammer, Dark Souls, Total War и слично.

Совет: Играта Sometimes: Success Requires Sacrifice е бесплатна, а со секоја купена игра добивате дигитална грепка која ве наградува со бесплатна игра.

slika-8

Ubisoft Store

Продавницата на издавачите Ubisoft има распродажба, но исто како да нема, затоа што поголемиот дел од игрите кои им се на понуда можете да ги купите од друга продавница за помалку пари.

Совет: Доколку веќе се решите да купите нешто од тука, не заборавајте дека 100 uplay поени ви даваат 20% попуст на повеќето артикли. Поените се добиваат преку играње нивни игри на нивниот uplay клиент и преку остварување одредени достигнувања.

slika-9

Blizzard

Надалеку познатата продавница на талентираните Blizzard нуди едномесечна претплата на World of Warcraft со левел 100 лик за само 5 евра, Starcraft II игрите се со попусти до 50%, Overwatch се продава со 40% попуст, а на намалувања во цената ќе наидете и кај играта Heroes of the Storm.

Совет: Што и да купите од овие автори нема да погрешите. Ако никогаш не сте ја играле World of Warcraft не заборавајте дека играта е бесплатна за играње до дваесеттото ниво.

slika-10

Humble Bundle

Најновиот пакет од игри од Humble Bundle ви дозволува за 1 долар да ги заиграте Volume, TIS-100 и феноменалната Legends of Grimrock 2. Плаќање околу 4 долари ве наградува со клучеви за Infinifactory, маестралната ММО игра The Secret World и Dungeons 2. Плаќање 14 долари ви ги дава горните игри плус Grim Dawn. Grim Dawn е одлична RPG игра од мајсторите за Titan Quest.

slika-11

Nuveem  – Бразилска продавница која од неодамна почна да продава игри во нашиот регион

Bundle Stars  – Дигитална дестинација за евтини пакети од игри, како и длабоки попусти на игри од ААА или инди карактер.

Amazon – Очекувајте огромни попусти и од овој гигант. Со започнување на Steam распродажбата, Amazon се труди да понуди слични или исти цени како на платформата на Valve. Мало потсетување дека македонските купувачи треба да внесат американска адреса доколку сакаат да купуваат игри од оваа продавница.

Ќе купите нешто? Што и од која продавница? Пропуштивме нешто? Кажете ни во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

1 коментар на “Започнаа распродажбите на игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии