Целосно искоренување на непотребните програми со Bulk Crap Uninstaller 4

Брзината и стабилноста на оперативниот систем зависи и од бројот и природата на програмите, како и од трагите кои ги оставаат кога се избришани. Нормалниот начин на деинсталација на програми знае да одземе драгоцено време со индивидуално фокусирање на само еден програм во кое било време, со неколкукратно кликнување на прозорци и со нецелосно бришење на сите фајлови кои дошле со програмот.

Bulk Crap Uninstaller се труди да се прикаже како подоброто решение во скоро секој поглед. Ви дозволува автоматизирано деинсталирање на неколку програми од еднаш, а потоа чистење на сите заостанати траги. Интерфејсот е изграден на идејата со визуелни помагала и преку различни бои ви кажува кои програми имаат невалидни, а со тоа и проблематични деинсталатори. Дополнително, можете да отстранувате програми во тивкиот режим, односно да дозволите автоматизирано бришење без да мора да кликнувате на одредени прозорци за да се заврши процесот.

Во одделот Filtering можете да наместите да ви се прикажуваат или кријат одредени видови софтвер, како програми кои се од Microsoft. За полесно справување со долги листи од програми имате на располагање и пребарувачки енџин кој соодветно ја менува листата од програми во реално време, додека пишувате. За преземање дополнителни мерки, не е лошо секојпат да создадете и system restore point, така да, доколку работите заземат несакан правец, лесно да можете да се вратите назад.

Најновата, четврта верзија воведува и нова мапа на дрво на долната страна од интерфејсот за да можете лесно да ги идентификувате најголемите програми. Related app-detection е уште една корисна функција, а ви дозволува да пронајдете неколку исти програми или пак програми кои се слични, но не идентични.

1 коментар на “Целосно искоренување на непотребните програми со Bulk Crap Uninstaller 4

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии