Целосна контрола врз музичките фајлови со MusicBee

Порано или подоцна, сопствениците на огромни колекции од музички фајлови се имаат сретнато со одредени проблеми. Неправилно именувани песни, дупликати и нецелосни податоци знаат да го намалат уживањето и доколку перфекционистот во вас се реши рачно да му стави крај на ова, ќе забележи дека се работи за макотрпен и исклучително здодевен процес.

За автоматизирано и лесно справување со проблемите кои произлегуваат од поседување огромни колекции побарајте помош од MusicBee. Програмот ви помага да ги организирате и нај хаотичните колекции со автоматско тагување на вашите песни, отстранување дупликати, поправање отцепени албуми, наоѓање слики од албуми, па дури и стихови од песни.

Да не ни зборуваме за тоа колку е MusicBee одлична алатка за репродукција на вашата музичка колекција.

MusicBee може да се преземе како зипувана инсталациона или пренослива верзија преку официјалниот сајт. Откако ќе го инсталирате и покренете софтверот потребно е да ги внесете песните преку автоматско пребарување или преку рачно одбирање кои фолдери да се скенираат (за рачно лоцирање одберете ја опцијата Choose folders). Со кликнување Scan Now, програмот ќе ги пронајде сите музички фајлови во тие фолдери и ќе ги организира според изведувач.

MusicBee автоматски пронаоѓа слики од изведувачите, односно албумите, но доколку одредена слика недостасува или не е добра, можете рачно да вметнете самите некоја друга. Исто така, можете да исправите неточни тагови со опцијата Auto tag by Аbum, како и да ги надградите податоците од албумот со ново, попрецизно инфо. Во случај да наидете на албум кој е отцепен, кликнете на едниот дел и, додека држите ctrl, кликнете на другиот дел, па изберете Auto tag by album за да добиете опција за комбинирање.

За да добиете увид во стиховите од одредена песна, потребно е да пуштите одреден албум и да го изберете табот Now playing. Од тука, ќе гледате најразлични слики и стихови од изведувачот во форма на презентација. Во случај да стиховите не се точни, десен клик на нив, па на Search next provider или Edit displayed lyrics. За време на ваквата презентација, доколку видите слика која ви се допаѓа, можете да ја сочувате со десен клик, па Save artist picture. Кликнување на Ban picture ќе ја блокира истата и нема да ви ја прикажува повеќе.

Пријатно слушање!

1 коментар на “Целосна контрола врз музичките фајлови со MusicBee

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии