Стоп за непотребни додатоци и несакани програми со Malwarebytes AdwCleaner 7

Вашиот компјутер е под константен ризик да биде инфициран од потенцијално несакани програми (PUP или Potentially Unwanted Programs),  адвер или ленти со алатки кои никој не ги сака, а сепак успеваат да најдат начин да се вдомат во вашиот прелистувач. Како да ова не е доволно, често се случува да се наметнат и скриени штеточини чија основна цел е да ве лишат од вашата контрола врз оперативниот систем и на неброени начини да ја загрозат вашата безбедност и приватност.

Malwarebytes AdwCleaner 7 е бесплатна алатка која е доволно моќна за да им удри клоца на сите горе-наведени пакосници. Се работи за првата верзија која се исфрли откако минатата година компанијата која стои зад AdwCleaner беше купена од Malwarebytes. Седмата верзија е целосно надградена со уште пофункционален кориснички интерфејс и датабаза. Споредено со постарите верзии, скенирањето е забележително побрзо, а чистењето е уште потемелно.

Malwarebytes AdwCleaner 7 не ве малтретира со инсталации, потребно е само да го преземете и покренете програмот, а потоа да кликнете на копчето Scan и да почекате да се појават резултатите од таквата акција. За секој резултат можете да добиете подетални информации, а доколку кликнете на Clean, пронајденото нешто ќе биде избришано. Во одредени ситуации, програмот би можел да побара рестартирање на системот за да се прифатат направените промени.

1 коментар на “Стоп за непотребни додатоци и несакани програми со Malwarebytes AdwCleaner 7

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии