Со Exact Audio Copy може да копирате изгребани CD-а со совршени резултати

Времето на CD-ата е далеку зад нас, но доколку располагате со неколку изгребани CD-а би можеле да им вдахнете нов дигитален живот со Exact Audio Copy.

Exact Audio Copy е бесплатна алатка која ви дозволува да ги преземете аудио траките во квалитетните формати FLAC или WAV, a за да бидат работите уште подобри, секој сектор од медиумот се чита најмалку двапати, за да се провери дека датата која се копира е точна.

Во случај да имате бројни гребнатинки низ вашите CD-а, Exact Audio Copy неуморно ќе се втурне во битката за извлекување на точниот аудио стрим, до таа мера да е спремен да ги одново чита одделите со грешки сè до 82 пати.

Под разбирливо, одредени, длабоки оштетувања нема да можат да бидат соодветно прочитани, но, во тој случај, програмот ќе ви каже точно каде се грешките за да не мора да го слушате целото CD за да пробате вие да ги одредите проблематичните делови.

Сево ова, претпоставувате, доаѓа со цена, која првенствено се одразува во брзината. Имено, целиот процес на екстракција знае значително да потрае, особено при работа со попредизвикувачки CD-а.

За максимални резултати, Exact Audio Copy се испорачува со вграден уредувач на звук благодарение на кој лесно ќе можете да отстраните несакани звучни девијации кои би можеле да се провлечат при самиот процес на екстракција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии