Дополнителна заштита со Bitdefender Home Scanner

Bitdefender Home Scanner е алатка која ја надополнува безбедноста која сте навикнати да ја очекувате од вашата антивирусна алатка. Имено, ако антивирусот го штити вашиот компјутер од најразлични вируси и malware кој може да се провлече низ оперативниот систем, Bitdefender Home Scanner идентификува потенцијални, безбедносни проблеми во вашата мрежа. Оваа бесплатна алатка ја скенира вашата безжична мрежа и сите приклучени направи на неа, како компјутери, телефони, таблети, но и конзоли, wi-fi камери, паметни телевизори и сервира извештај со сите пронајдени безбедносни дупки. Под една потенцијална безбедносна дупка би можело да се сметаат фабричките поставки на рутерот или ранливи, односно слабо шифрирани комуникации помеѓу уредите. Сите ваши поставки, кои се извлечени од првичното скенирање, се споредуваат со онлајн дата базите и дури тогаш се испорачува извештајот со препорачаните акции.

Bitdefender Home Scanner е особено корисна и доколку сакате да добиете увид во сите направи кои се приклучени на вашата мрежа и да дознаете дали некоја комшиска направа „случајно“ ви се закачила на мрежата и црпе од вашите ресурси.

Потребно е да се потенцира дека Bitdefender Home Scanner само истакнува можни проблеми како резултат од извршеното скенирање, но истите не ги поправа за вас. Со оглед на тоа дека добивате само опомена и потенцијален совет, многумина ви можеле да се разочараат од основната функционалност, но и таквото нешто сепак би можело да ве изненади и да ве мотивира за одредена акција. Ова е двојно поважно кога ќе земете во предвид дека On Connect опцијата скенира нови направи во моментот кога ќе се приклучат на вашата домашна мрежа, со што веднаш дознавате кога нешто сомнително ќе вмеша прсти онаму каде што не треба.

1 коментар на “Дополнителна заштита со Bitdefender Home Scanner

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии