Преземајте и конвертирајте видеа со TEncoder

Мартин Јованчевски

во Веб

Стриминг на видео содржини знае многу брзо да го потроши вашиот интернет, особено доколку уживате во скромни бенефиции како 100 MB месечно. Дополнително, што да правите во ситуации кога сакате да пуштите еден клип преку вашиот телефон или таблет на места каде што нема интернет? Она што обично се препорачува е предвремено преземање на видео клиповите од отворената стриминг мрежа, како од YouTube, и нивна репродукција преку соодветен програм.

TEncoder е бесплатна алатка која не само што е лишена од какви било непотребни додатоци, туку и изобилува со корисни функции кои ви дозволуваат преземање и конвертирање во големина и формат кој вам највеќе ви одговара. Згора на тоа, доколку видеата се на YouTube, можете индивидуално да ги преземате, како целосна плејлиста или пак да ги преземете сите видеа од каналот. Потоа, можете дополнително да ги конвертирате во која било големина и формат како би се погрижиле да не заземете преголем дел од просторот на вашиот телефон или таблет.

Покрај целосна или делумна екстракција на видео, програмата е одлична и за преземање на аудио снимки од видеата, како и преземање незаштитени DVD медии, манипулација со преводи, а за подобра компатибилност, TEncoder се одликува со 64 и 32 битни верзии.

Нормално, постојат и сајтови кои извршуваат дел од задачите за кои е способен TEncoder и кога би морале да ви препорачаме еден, би оделе со ClipConverter.cc.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии