Зголемена приватност со Tor прелистувачот

Помислата дека некој ѕирка во вашите прелистувачки навики знае да биде значително вознемирувачка. Добивање увид во таквото нешто e лесно со стандардните прелистувачи, но не и со Tor.

Преку имплементирање алгоритми за „шетање“ низ бројни мрежи, Tor Browser спречува надгледување на вашата интернет конекција и дознавање кои сајтови ги посетувате, не заборавајќи, притоа, и да ја маскира вашата физичка локација и да ви дозволи да посетувате сајтови кои не би можеле да се посетуваат преку нормални канали (се мисли на VPN, односно Virtual Private Network или виртуелна приватна мрежа). Tor прелистувачот се испорачува во пренослива форма и не бара какво било инсталирање за работа во Microsoft Windows, Apple MacOS или GNU/Linux околина. Предност на ова е тоа што можете да го префрлите Тор на USB и од кој било компјутер да започнете безбедно прелистување, без страв дека ќе останат траги од вашето влијание.

Tor Browser е базиран на истиот енџин како за Mozilla Firefox, но користи посебна мрежа од Tor доброволци за маскирање на вашата локација. Најновата верзија од прелистувачот го надградува Firefox енџинот и дозволува на софтверот да го искористи режимот за мултипроцесор и сите (sandbox) предности кои произлегуваат од тоа. Што се однесува до самата Tor компонента, ќе забележите add-on-и за NoScript И HTTPS-Everywhere. Згора на ова, седмата верзија на прелистувачот се одликува и со бројни други подобрувања и исправки на грешки.

За зголемена безбедност при прелистување самите автори советуваа неколку работи:

  • Покрај очигледниот совет да го користите само овој, претходно прилагоден прелистувач, не би требало да си играте со торенти, дури и преку тор, затоа што одредени такви апликации би можело да ја испратат вашата вистинска IP адреса до трети лица.
  • Понатаму, да не овозможувате или инсталирате одредени прелистувачки плагини затоа што истите можат да бидат изманипулирани за да, погодувате, ја откријат вашата IP адреса.
  • Дополнително, посетувајте само HTTPS сајтови и не отворајте документи кои се преземени со Тор додека сте приклучени на интернет.

За крај, самите автори ве охрабруваат да го наметнете прелистувачот на што повеќе луѓе, затоа што на тој начин се доаѓа до ултимативниот безбедносен пристап. Имено, што повеќе корисници близу до вас и што поразлични интереси, толку е потешко да се откријат вашите вистински лични интереси.

6 коментари на “Зголемена приватност со Tor прелистувачот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии