Преземајте и конвертирајте DVD видеа со Freemake Video Converter

во Вести

Во ситуации кога имате потреба да преземете или конвертирате одредено видео од сајтови како YouTube или Vimeo, би можеле да побарате помош од алатките HD Video Converter Factory, Free Video Cutter Expert 4,  TEncoder Video Converter или пак Freemake Video Converter.

Како четврта алатка од овој калибар, Freemake Video Converter e одличен избор за преземање видео содржини од интернет, но е уште покорисен доколку сакате да конвертирате видеа на и од DVD медиум. За да преземете DVD, кликнете на +DVD и изберете го фолдерот со DVD-то (VIDEO_TS) за да алатката ве праша кои фајлови сакате да бидат сочувани. Откако ќе кликнете ОК, изберете со која аудио трака и превод да биде пропратено видеото. За поголемиот дел од ситуациите, ќе бидете прашани и во која резолуција да бидат извлечените видео материјали. Same as source е „фабричката“ поставка, но лесно можете да го смените ова во HD 1080p, HD 720p, TV Quality или пак Mobile Quality. За рачни поставки, ја избирате опцијата Add your preset и внесувате ваши вредности за саканата резолуција. Кликнување на копчето Convert го започнува процесот.

Неколку работи би сакале да истакнеме за Freemake Video Converter. При самата инсталација, програмот сака да ви наметне потенцијално несакани апликации и потребно е да започнете custom инсталација и да ги де штиклирате повеќето, ако не и сите дополнителни работи кои ја следат алатката. Дополнително, на секој почеток и крај од конвертираното видео, програмот си зема за слобода да го прилепи Freemake логото. Во случај да ваквото нешто ви смета, потребно е да посегнете по паричникот и да одделите еднократна сума.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments