Бесплатно сечење видеа со Free Video Cutter Expert 4

Најновата верзија на Free Video Cutter Expert е одлично парче софтвер кое ќе ги задоволи вашите аматерски потреби при уредување видео материјали. На едноставен начин, можете да сечете и исфрлувате несакани делови од вашите омилени видеа.

Free Video Cutter Expert ги подржува најпознатите формати како MP4, MKV, WMV, FLV, AVI, MPEG, MOV

По подигнување на програмот, соочени сте со неколку различни избори за сечење, во зависност од тоа како сакате да пристапите кон проблематичното видео. Имено, можете да користите лизгачи за да го одредите почетокот и крајот на видеото, да го делите на еднакви делови или во зависност од претходно-одредено време. Со тастатурата, ваквата интеракција е изненадувачки прецизна, а посебниот прозорец ви дозволува безбедно да го прегледувате резултатот од вашето чепкање пред да ги направите завршните допири.

Оние кои бараат нешто повеќе од ова, пријатно ќе бидат изненадени од можностите за спојување повеќе мали клипови во еден голем, да внесуваат едноставни ефекти за премин од еден во друг или пак да конвертираат од еден формат во друг. Во случај одреден процес да е од подолготрајна вредност, можете да наместите Free Video Cutter Expert автоматски да го исклучи компјутерот по завршување на процесот.

Четвртата верзија, покрај очигледните естетски промени во дизајнот, овозможува олеснето движење низ лентата за репродукција така што прикажува фрејмови од видеата во сликички (thumbnails), а секој фрејм на кој ќе наидете можете да го сочувате и како слика. Исто така, исправени се бројни багови кои се провлекуваа уште од верзијата 3.3.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments