Со осмата верзија, Foxit уште еднаш го цементира патот како една од најчесто користените бесплатни алатки при работа со pdf документи. Програмата е одлично решение за прегледување, менување или создавање PDF фајлови, со што се поставува како одлична алтернатива на надалеку познатиот Adobe Reader.
Од 8.1-та верзија можете да отворате фајлови кои се складирани во Box сервисот, а се додаде и интеграција со Foxit Archive – безбедно и клауд базирано решение за управување со документи. Верзијата 8.2 оди неколку чекори напред и, меѓу другото, ви дозволува да отворите и прегледувате документи уште пред целосното преземање на истите. Надградените клауд потенцијали овозможуваат непречено читање низ различни платформи и направи, а добредојдена е и опцијата за конвентирање .xps фајлови во .pdf, како и можноста да објавувате мислења и идеи за одредени PDF документи за да ги споделувате и дискутирате истите со други луѓе. Згора на сево ова, можете да прегледувате фајлови од други формати преку популарните сервиси за складирање, како Google Drive, OneDrive, Box и Dropbox, и директно преку читачот да ги конвертирате во PDF.
Покрај верзија за Windows, Foxit се испорачува и за Mac OS X, Linux iOS и Android.
Останати, подеднакво-солидни, Adobe Reader алтернативи:







