Бекап на сите ваши податоци со Iperius Backup Free 5 или Google Backup & Sync

Iperius Backup Free 5 е апликација за сочувување и враќање на претходната состојба на вашиот компјутер, се со цел да се овозможи максимална безбедност на вашите лични податоци.

Сочувувањето, односно бекапот може да се изврши на најразлични локации и во претходно-одредени временски интервали. Сѐ што треба да направите е да кликнете на копчето Create new backup и да изберете што би сакале да се сочува и на која локација. Најновата верзија на Iperius Backup Free 5 ви дозволува да ги сочувате саканите податоци на повеќе локации, кои можат да бидат и клауд сервиси.

Кога сме кај ова, Iperius Backup Free 5 е солидна алтернатива на релативно новата алатка Backup & Sync, на Google.

Google Backup & Sync извршува бекап на вашите податоци преку нивниот клауд сервис. Алатката ги заменува и Google Photos desktop uploader и Drive for PC and Mac, a волшебникот одлично ве води за тоа на кои фолдери сакате да извршите бекап, а за кои да се врши синхронизација. Доколку веќе користите Google Drive тогаш само ќе се изврши соединување на претходно поставените податоци со новите. За полесно управување, од системската лента ќе можете да пристапите до саканите фолдери, како и да паузирате или стопирате процеси на бекап, односно синхронизација.

Правење бекап на вашите податоци исто така знае да биде исклучително корисно во ситуации кога вашите податоци ќе се најдат заклучени од ransomware. На овој начин, доколку несаканото стапи на сила, релативно безболно ќе можете да направите преинсталација на системот и да си ги повратите изгубените податоци.

2 коментари на “Бекап на сите ваши податоци со Iperius Backup Free 5 или Google Backup & Sync

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии