Снимете ги вашите омилени песни од 8000 радио станици со StreamWriter

Мартин Јованчевски

во Веб

Времето на макотрпно снимање песни од радио станици е променето на подобро и, благодарение на технологијата, сега е уште полесно да ги пронајдете и снимите песните кои отсекогаш сте ги сакале. StreamWriter не сака ништо повеќе отколку да ви помогне во таa намера.

Оваа апликација можеби не изгледа убаво, но го олеснува процесот на снимање песни од радио станици и нуди исклучително автоматизиран процес. Имено, со подигнување на програмата која, патем, не ни мора да ја инсталирате затоа што доаѓа и во пренослива форма, можете да додадете изведувачи и песни на wish листа и секој пат кога тој изведувач, односно песна ќе се емитува на некоја од над 8000 станици, програмот автоматски ќе ја преземе од аудио стримот.

По вклучување на програмот, изберете го јазичето Title Search Tab за да видите листа од 1000 најпопуларни песни кои, дополнително можат да се сортираат по азбучен ред, број на преслушувањa и слично. Во случај да наидете на песна која ви се допаѓа, десен клик на неа и Add title to automatic wishlist. Процедурата е иста и за да снимите сè што ќе се емитува од тој изведувач на надгледуваните станици. Откако ќе се преземат песните, можете да ги репродуцирате директно преку самата апликација. Сосема очекувано е меѓутоа, да се случи крајот од песната да се „преклопува“ со почеток на некоја друга и во тој случај, можете да извршите фино дотерување така што ќе ја скратите песната преку опцијата Cut Song. Постапката е поткрепена со визуелни бранови и fade in/out филтри за максимално маскирање на незадоволителниот крај. Вака уредените песни ќе бидат обележани со зелена штикличка.

Имајте предвид дека сево ова некако се поставува во зоната на нелегални активности и е веднаш зад „бесплатното“ преземање mp3-ки од пиратски сајтови, но тоа никако не би требало да ве спречи да ја проверите програмата, чисто за образовни и некомерцијални цели 😉.

2 коментари на “Снимете ги вашите омилени песни од 8000 радио станици со StreamWriter

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии