Збир од корисни алатки за подобро здравје на Windows, со Windows Repair Toolbox 2

Со оглед на бројните комплексни операции кои се изведуваат на секојдневно ниво, Windows оперативниот систем знае да потфрли во моменти кога таквото нешто е сè само не добредојдено.

Windows Repair Toolbox 2 е алатка која функционира како центар од кој се покренуваат бројни други алатки кој ќе дадат сè од себе да ги искоренат или, во најмала рака, лоцираат проблемите кои го мачат вашето милениче. Сите алатки се бесплатни и едноставни за користење, а поделени во категории како Hardware Useful Tools, Repairs, Backup and Recovery, Windows и Uninstallers. Едноставно кликнете на саканата алатка и истата ќе се преземе и покрене. Дополнително, можете да добиете увид во температурата на процесорот, искористеноста на RAM-от, здравјето на хард дискот и многу повеќе. На горната хоризонтална лента имате табови преку кои ќе дојдете до програми за отстранување штеточини, ваши лични алатки, тестери, забелешки и опции.

Доколку сакате, можете да одберете неколку алатки да се покренат и да работат во позадина без да ги надгледувате и откако ќе ги завршат нивните процеси, како отстранување малвер, поправка на системот или дефрагментација на дискот, да ви испратат и-мејл заедно со сите забелешки за функционалноста на процесите.

1 коментар на “Збир од корисни алатки за подобро здравје на Windows, со Windows Repair Toolbox 2

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии