Спас од Ransomware со Bitdefender Ransomware Recognition

Ransomware и те како знае да го загрози вашето психичко здравје, особено кога целосно ќе се вдоми во вашиот компјутер, ќе ги шифрира вашите лични податоци и ќе бара одредена сума пари за да ви ги отклучи податоците.

Од Bitdefender се испорачува бесплатна алатка која би можелa да ви ги поврати податоците без да ве принуди да преземете драстични мерки, но за таквото нешто потребно е да го знаете името на ransomware кој го има нападнат компјутерот.

Во случај да стапи на сила несаканото, преземете го Bitdefender Ransomware Recognition, покренете го програмот и внесете јa локацијата на забелешката за закуп или пак некој од шифрираните фајлови. Штом ова го направите, алатката ќе проба да ја идентификува штеточината и да ви овозможи соодветни алатки за отклучување на податоците.

Нормално, за подобра заштита ви препорачуваме да ги искористите потенцијалите на Iperius Backup Free 5, за да направите бекап на вашите податоци или пак SoftPerfect File Access Monitor за да дознаете што се случува со вашиот компјутер и дали е изложен на ransomware инфекции. На неколку корисни совети би можеле да наидете и тука!

2 коментари на “Спас од Ransomware со Bitdefender Ransomware Recognition

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии